Соња Исмаил: Не дозволувам службата за обезбедувања на националниот сервис да ме претресува без налог

Причината е тоа што овој пат не дозволив да бидам претресена од обезбедувањето без налог. Соработниците на Канал 103 изминатите неколку месеци се изложени на задолжителен претрес при влезот во МРТВ. Секој соработник, секој ден. Не има околу 40. Овој претрес е задолжителен само за нас и за никој друг кој што влегува таму. На прашањето ЗОШТО само нас, одговорот беше дека имале “дојава” и “им било кажано” дека во нашето радио се конзумираат алкохол и други работи. Ги прашав дали провериле што се конзумира во останатите канцеларии и дали е тоа случај САМО во Канал 103. Ми кажаа дека “така им е наредено одозгора”.

Ги прашав дали се свесни за недостоинственоста на чинот и понижувањето на кое што не изложуваат. Ми рекоа дека “мораат да го прават тоа, инаку ќе им скратат 20 % од платата”. Им порачав следниот пат да го имаат написмено налогот “одозгора”. До тогаш, јас нема да се изложувам на недостоинствени и стресни ситуации. Не сакав на припадниците на службата за обезбедување на НАЦИОНАЛНИОТ СЕРВИС да им ја објаснувам важноста на 103-ка за македонската независна културна и уметничка сцена. Се надевам дека тие “одозгора” тоа го знаат. Или дека ќе го научат наскоро. Една љубов – Kанал 103!

Leave a Reply

Your email address will not be published.