Во Кавадарци наврнаа неверојатни 1180 литри дожд на метар квадратен

Во останатите делови мерењето покажало дека има воден талог од 1.000 литри на метар квадратен.
Директорот на АД ” Гоце Делчев – Тиквеш, Ристо Милев, потенцира дека вакви врнежи не се забележани во Тиквешијата а во најврнежливите години водниот талог изнесувал од 480 до 580 литри на метар квадратен.
Зачудувачки е фактот што кај раните трпезни сорти каде бербата е рано завршена забележано е масовно потерување на нови млади ластари.

Вакви промени не памети ни Милев во своето триесетгодишно занимање со лозарството а не паметат ниту постарите лозари. Милев исто така истакнува дека доколку во наредниот период температурите се спуштат на 7 или 8 степени под нулат ќе се случи измрзнување бидејќи вегетацијата не е запрена а со тоа последиците би можеле да бидат катастрофални.

Leave a Reply

Your email address will not be published.