“Научни” факти во кои сеуште веруваме

Тогаш можеби мислите и дека крвта има сина боја, дека Колумбо во свое време бил единствениот кој не мислел дека Земјата е рамна. Некои човекови заблуди се скоро неискоренливи.

1. Монт Еверест е највисок во светот

Ова е техникалија, но може да се покажете како паметни во друштвото. За висина на планина се смета незјината висина од нивото на морето до врвот. Но, гледајќи од нејзиното подножје до врвот, Монт Еверест е всушност пониска од планината Науна Кеа на Хаваите, која е висока дури 10.200 метри. Имено, две третини од таа планина е под вода, поради што Монт Еверест се смета за највисок врв во светот.

2. Гром никогаш не удира два пати на едно место

Оваа изрека низ годините доби фигуративно значење. Всушност нема никаква причина да веруваме во ова тврдење бидејќи на Земјата громови удираат од 50 до 100 пати во секунда. Веројатноста два пати да удри во исто место воопшто и не е така мала. Освен тоа, високите градби громовите ги удираат почесто. Empire State Building во Њу Јорк секоја година ја погодуваат десетици громови.

3. Луѓето во Средниот век верувале дека Земјата е рамна

Не, всушност од стара Грција е познато дека Земјата е округла. Ако сакаме да бидеме попрецизни, таа всушност во облик на сфера бидејќи е порамна на половите отколку на екваторот.

4. Кинескиот зид се гледа од вселенат

Зависи што подразбирате под вселена. Од пониската орбита, зидот се гледа, како и еден куп други градби на Земјата. Од поголема оддалеченост, како што е онаа на која се наоѓа Месечината, не се гледаат јасно ниту континентите а не пак Кинескиот зид.

5. Камелеонот ја менува бојата за да се прилагоди на околината

Тоа е мит. Постојат борјни причини зошто тој ја менува бојата, а тоа зависи од видот на камелеонот. Голема улога игра и нивното расположение, како и надворешната температура.

6. Плутон е планета

Пред неколку години, Плутон го изгуби овој статус бидејќи е значително помал од останатите планети од Сончевиот систем. Со развојот на телескопите, откриени се уште многу слични ‘џуџести планети’, кои никој не ги смета за планети. Така е пронајден и Ерис, поголем од Плутон, што бил повод за оваа одлука. Слична големина имаат и Церес, Хаумена и Макемаке.

 

 


 

Leave a Reply

Your email address will not be published.