НАТО не е врвна цел

За темелите на кои ќе опстанува ваквата држава недвосмислено сме се определиле.Тоа не беше НАТО.Тој е посакувана цел од причини кои им се познати на граѓаните и мислам дека важноста од оваа алијанса ја имаат сфатено.
Средишна точка на поделби во македонското општество, а од таму доаѓаа и меѓусебните обвинувања е наметнатиот спор за името од еден наш сосед.
Брзото наоѓање на заемно прифатливо решение за името и искористување на моментот и последниот повик кој дојде од докажаниот и влијатетелен светски политички фактор,а наш стратегиски партнер до политичката елита (средбата на Рикер во владата и политичките раководства) покажува дека е можна нова поделба во македонското општество.И тоа не треба да се потцени.
На една страна да се најдат едни кои мислат дека треба да се најде решение за нашето име и тоа што побргу и ,влезот, да не “заштити” и од останати кои мислат дека НАТО “избега”, од вредностите.
Последната средба на почитуваниот Рикер со “земи или остави” не носи дома од компромис за името кон компромис со врвната цел.
Се разбира дека влезот во алијансата никој не го обезбедил со тоа што станал -,топ подготвен, ,но дипломатскиот речник па макар доаѓал и од Рикер, покажа дека неговиот фаворит може да се препознае во владата од изминативе 7 (седум) години, на кого и е сега потребна помош за да “влеземе”.
Колку новото раководство на СДСМ предводено од двоецот Заев – Шеќеринска ќе препознае нов предизвик или дилема со новиот компромис и со моментумот останува да видиме.
Со нивната визија за партиско делување и погледот каде треба да оди македонската држава во иднина беше запознат Рикер.
Наскоро би требало да знае и македонската јавност дали се подготвени да го направат компромисот.
Оној, со врвната цел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.