Насмевка против стрес

Дури и во стресните ситуации можеме да пронајдеме по нешто комично, ако доволно се потрудиме да гледаме на некои ситуации од поведар агол.

Можеби во некои ситуации нашите реакции се премногу бурни или можеби премногу драматично гледаме на некои работи. Сè може да биде многу поедноставно.

Она што реално се очекува од нас, треба да се испочитува, а при тоа да се задржи пријатната атмосфера, со повеќе солидарност, со насмевка и разонода.

На пример, при возење низ град, заробени сте во бескрајно долга колона – не треба да се нервираме и да пцуеме, туку… на пример, да вклучиме некоја радио станица и да си го скратиме времето на чекање – чекаат сите, па и ние!

Не е добро премногу лично се да се доживуваат работите и да бидеме импулсивни, да реагираме на „прва топка“. Ако се отфрлат ваквите навики, ќе видиме дека сè ќе биде полесно, ќе имаме повеќе време и ќе бидеме позадоволни.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.