Изјава на инспектор од УЈП: “Со сила не тераат да им пишуваме казни на фирмите бидејќи буџетот е празен”

Инспекторите од регионов се зачудени од инфериорноста на кавадаречките претпријатија и лидерите на кавадаречкиот бизнис сектор заради секојдневниот терор и притисоци кои ги трпат а притоа не се помрднуваат ниту со малиот прст.
Кавадаречкиот бизнис сектор се наоѓа на снајпер мета во последниот период, и тоа со засилено секојдневно темпо.И никој не реагира по тој основ.Ниту граѓанинот, ниту бизнисмените ниту пак опозицијата.

“Инспектортите од поголемиот дел на Република Македонија најголем мерак за работа имаат кога се на терен во подрачјето околу тиквешијата и повардарието.Овде, условите за работа се повеќе од “комотни”.Згора на тоа што при нашата посета на било која фирма не заминуваме без да им изречеме парична казна, домаќините од фирмите дури и не пречекуваат и испраќаат со кафе во рака.” – изјавува за Мојот Град, инспектор од УЈП.

“Имаме обврска која треба да ја исполниме.Без изговори.Доколку одозгора ни кажат да се изречиме одреден број казни и притоа се слеат одредена сума пари во буџетот, ние тоа и го правиме.Едноставно немаме избор.Во спротивно ние се соочуваме со казни на работното место заради неисполнување на работните обврски.Со сила не тераат да им пишуваме казни на фирмите бидејќи буџетот е празен.

За разлика од тиквешијата, ситуацијата во Прилеп и Велес била многу поразлична.Во овие општини не се остава премногу простор за инспекторите да работат она што сакаат или пак им е наложено.
“Во Велес и Прилеп да речиме, инспекторите при инспекциска контрола се пречекуваат со засилено обезбедување од фирмата, а не со кафе и локум.Претресуваат што имаат за претресување во претпријатието, и на заминување им се остава усмена порака да внимаваат што пишуваат во извештаите кои ги доставуваат до надлежните, бидејќи во спротивно никој не одговара за последиците.И од таа причина овде казните или ги нема или се скромни.”

Спротивно од централна и источна Македонија, сликата во западниот дел од државата е сосема различна.Кога инспектор од УЈП треба да оди во контрола на фирма од овој регион, претходно се согласувал подобро да го избркаат од работа отколку да оди да врши контрола во прегратките на Шар Планина и околината.А која е причината?

Leave a Reply

Your email address will not be published.