НАСА (афоризми)

Охрид го има Карпош 5, Скопје Ново Село 2, Шелдон ја има Господарка на играта, Македонија ја има само играта.
Штом имаш фејсбук, регистриран си .
Со жената си ги поделивме работите дома.Таа вика, јас молчам.
Комшиите во зградата сите си живееме.Не се гледаме.
Таа не одела на работа. Била домаќинка.
Не ни се паѓа ниту по еден гриз банани дневно по глава на жител.Кој вика дека не сме биле народ?
Како бре луѓе при таков увоз на струја, сме биле во мрак?
Саше Политико сакал стан како Геровите. Полека Саше, треба да се докажеш.
СДСМ се лути што им викаат, тази буџетска дупка не е.
Со нашите новинари и институции треба да се биде внимателен.Имаат и сексуална ориентација.Можат да те ‘опнат’ и на насловна.
Давањето заклетва во Собранието на РМ пред Трајко Велјановски ми е некако надмината работа.
Одам на отворени трибини со свои афоризми.Избор по желба на организаторот.Плаќањето може и со компензација.
Некои имаат ставови, други станови, а Македонија-дупка !
Повеќе не интересира висината на јавниот, отколку на тајниот долг.Кога ли ќе дојде ред да запрашаме за стварниот?
По нашите патишта може да сретнете одрони и ридови.
Има пратеници и пратенички кои не шират познанства.Ќе ги изгубат и тие што ги имаат.
Али Ахмети не доаѓа во парламентот и не отворил уста, а лидерот уште не му побарал.
Шеќеринска е политичар од европски ков.А ние Европа многу ја сакаме.
Кодифицирани сме и со зајакната национална свест.
Според движењето на јазикот напред-назад самогласките остануваат самогласки : и, е, а, у, о.
На јајцата нашле траги од Бибер. Џастин е обвинет за скршен прозорец.
Во Лондон се ‘крадело’ по контејнери домати и печурки, па им се суди.Немам гајле, кај нас тоа комшиите го немаат по дома.
На кои нокти бре луѓе пирсинг, прстите ги ‘изедоа’ од чудење !
Претставници на новинарите и партиите усогласиле што е собраниски инцидент.Фрлање од галерија или убиство.
Србите го имаат Слободан Јовановиќ на парите, ние го имаме Александар на плоштад. Повеќе го гледаме.
СДСМ требало да бидат единствени сега. Така рече Геро Вара Ебаго!
Здруженијата на новинарите повикаа да прекинат да се препукуваат партиите врз нивниот грб.Сакаат да го заштитат својот углед и честа.Чекаат тоа да го направи и здружението на пратеници и клубот на жени во парламентот, па да одржат состанок под Камени мост.

Венизелос сака име со сложена географска одредница за севкупна употреба -ПЈСРРМ, Поранешна Југословенска Северна од Рајот Република Македонија.
Жената треба да носи свежина во РМ, ама не заради нашето традиционалното општество.
Уставниот суд се прогласи ненадлежен за ланскиот снег.
Обединети за Македонија прашуваат за Ивона.Кај Љубе секако не е!
Не им верувајте многу на новинарските извори, матни се.
На карневалот во Венеција не можам да одам.Ќе бидам на оној во Струмица што ни го приредува Заев.
Ќе сме имале највалкани избори досега ?! Па, тие ги имаме не се во прекин !
Во март ќе се отвараат младински катчиња-за пензионери.
Пензионерите кои тегнат јаже и фрлаат ѓуле ќе ги ослободат од плаќање на здраствени услуги.
Кај нас изборите и молкот се секојдневни.
ВМРО -ДПМНЕ разочарало многу нивни и туѓи членови.Дури и ВМРО било разочарано.
За локалните избори се носеле од Пустец, за претседателските ќе се носела Комунистичката партија на Кина.
На митинзите ќе пеела Каролина.Многу сакале да ја гледаат ‘Дојде време, дојде’.
Инспекторите на УЈП си ја бркаат својата работа.Другите се бркаат по дома.
Познавам екипи на кои само името им останало.
Умот не го даваме по никоја цена !
Дојде време да се запрашаме кои сме , што сме и зошто сме ?
Од архитектите научив дека и земјотрес може да биде добар повод.
Партиско членство ќе одлучува за надпартиски кандидат ?!
Ако сакаш колумна направи си портал !
Политичката дебата се сведи на кој што возел.Чекаме да не извозат.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе имаат не помалку од 80 пратеници .Облог ?!
Во Дом за култура одржавме партиска трибина.
Петок вечер е, се мислам каде да не одам.
Латас го растурија.Мислам лидер на ВМРО-ДПМНЕ да беше полесно ќе поминеше.
Нашите трибини ми личат на бини.
Оној нешто е замислен, 100% не е од нашите.
Сме ги имале Латас и режимот и Геро и транзицијата.Па, реформите и борбата треба да продолжат.
Состојбата во Македонија со човековите права била-трудна !
Распишавме не попишани. Сигурно има запишани, отпишани и избришани .
Синоќа јадев бурек, од човечето разбрав дека некој амбасадор барал да си го смениме умот.
Со афоризмите сум продуктивен и со голем потенцијал.На пат сум кон импотенција.
Стевче од Карпош не научил ништо од нобеловецот Милтон.Нема бесплатна ужина !
НАСА му откажала на Марс. Забележала во Македонија камења со знаци на живот.
Не гледале вести од МРТ, Сител, Канал 5, Алфа.., не читале домашни весници и портали.Од што се разочарале ?
Оваа власт е неправедна и безбожна . Бог нема да ја прости, ако не ни ги прости долговите.
Ние не киднапираме опозициски активисти за да ги мачиме.Во демократска држава така не се мачи.
Сакаме да живееме во граѓанска држава . Селската манџа ја сменивме за споменици од Скопјето.
Нашата партија е демократска, со национален предзнак и единствена.Секогаш сме ‘на окуп’.
Заев и Шеќеринска си ја потпевнувале на Бихачка ”Није хтела”.
Со заштедите во домашните банки не треба многу да се фалиме.Тоа е знак за доверба кон банките и на недоверба кон се останато.
Од кога го немам гледано ‘Точно на пладне’ ?
Имаме неразбран народ кој крши клупи, плочи и кутии.Кој ли го буца ?
Со обезбедувачи се обезбедивме од обезбедувачите.
Кога сте гладни, најмногу ви се јаде .
Ја советувам Билјана Ванковска за претседателските избори да не полага за да биде Слаѓана Тасева.
Политичките партии влечат потези како на шаховска табла.Да им ја предадеме играта ?
Ценам аналитичари кои го искажаа својот став за предвремените парламентарни избори : Предвремени парламентарни избори ја ќе има, ја ќе нема !
Нашиот партиски став е општо познат, тврд и непроменлив.Треба да падне !
ОКТА ќе прима повторно работници.И требаат за одгледување печурки.
Му ветија дека ќе биде на листа.И тоа е ништо, отколку нешто.
Ќе го местеле за министер.Готов е, наместен е !
На многу читатели математиката им била слаба страна, па не можат да ги разберат некои новинари кога пишуваат за повеќе непознати.  

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.