Народот и опозицијата на нозе?

Не треба да се одбрани црквата, зашто не е предвидено нејзинино уривање, туку бизнис интереси со скапи парцели во центарот на Скопје, кои до сега ја направија општина Центар плен на урбаната мафија.

А1 он дознава, дека власта дала наредба под итно да почнат со градењето зграда на Советот за радио-дифузија на земјиштето што им го подари Владата, на паркингот кај хотел Бристол, на место каде има мини-парк и за што повторно ќе треба да се сечат дрвја.
Денеска, дознава А1 опозицијата е на средба и ги договара наредните чекори за да се стави крај на самоволието на власта и манипулирање и закрвувањето на граѓаните.

Партиски извори за А1он, велат, „дека револтот не само кај опозицијата туку и кај граѓаните е толку голем по фалсификатот на изборите, крвавите настани на 24. декември, така што чашата може да ја прелее се она што се случува околу општина Центар, и да се преслика сценариото од плоштадот Таксим во Истанбул“.

И таму се започна со одбрана на парк и зеленило, а прерасна во масовни анти владини протести.
Инаку, точките кои требаа да ги усвојат советниците на општина Центар, ги спречија изманипулираните демонстранти, а полицијата со непостапувањето застана во одбрана, не на граѓаните и редот, туку на безредието, не предвидуваа стопирање или уривање на црквата „Свети Константин и Елена“, како што се манипулираше во јавоста и дел од медиумите, туку да се ствави крај на криминалот.

Требаше да се спречи, поради нечии бизнис зделки да се градат незапочнатите градби, дел од проектот „Скопје 2014“. ДУП-от ќе се вратеше во претходната состојба каде нема предвидено уништување на зелените површини и изградба на барокни зданија за административни згради.
Дури и дел од владиците, јасно кажаа дека со дивеење и вандализам не се штити верски објект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.