Наркоманско дувло во Аеродром

Засолниште за наркоманите се подрумите во овие згради. Граѓаните стравуваат за својата безбедност. Жителите од овие станбени објекти, речиси и не знаат што се случува во текот на ноќта – кога сите спијат.

Дополнителен проблем е тоа што во близина се наоѓаат детски игралишта и нишалки, каде секојдневно има деца. Станарите исплашени не сакаат да зборуваат пред камерата, зашто имале закани по живот. Се жалат дека од објектот се шири лоша миризба бидејќи се користи и како јавен нужник. Велат дека освен собиралиште на зависници, руинираните подруми се и извор на заразни болести.


Од општина Аеродром велат дека досега никој не пријавил за овој проблем. Градонасчалникот Ивица Коневски, вели дека иако општината нее надлежна за овој проблем, сепаќ екипи ќе излезат на терен со цел да ги заститат граѓаните.

– Секојдневно работиме на одржување на хигиената во нашата општина. На оние површини кои што се јавни, а на оние површини кои што се во приватна сопственост како што се објектите, зградите куќите, тие се под ингиренции на самите сопственици. Заначи, во самите згради под ингиренции на куќните совети на здруженијата на станарите, така што тие се грижат за одржувањето на хигиената, изјави за Алфа, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

Инаку во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а според експертите, неофицијално тој број е до шест пати поголем.  

Извор Алфа

Leave a Reply

Your email address will not be published.