Напладне во Скопје ќе се маршира со гас-маски


Протестот го организираат организациите Гоу Грин, Еко свест, Фронт 21/42 и Реактор, а гас-маските на почетокот ќе бидат поделени на првите стомина. Останатите би било добро да купат хируршки маски од аптеките, кои чинат од 5 до 10 денари, велат организаторите.

„На Маршот ќе се изразат конкретни барања до надлежните институции кои треба да се спроведат од следниот понеделник, а после настанот на медиумите ќе им се овозможи го објават еколошкиот став за загадувањето во МК на Конкретните мерки кои треба да се преземат итно од надлежните власти и системски пристап кон решавањето на проблемот со загадувањето“, се порачува во апелот.

Градската управа на Скопје, инаку, вчера попладне потсети на некои мерки за намалување на загадувањето.

извор: Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.