(ВИДЕО) Наноси од камен и песок во центарот на Кавадарци

Наноси од камен и песок ги оштетуваат возилата во Кавадарци

Средовековна глетка во центарот на општина Кавадарци, големи наноси на песок и ситен камен се насобраа на главната раскрсница во срцето на градот предизвикувајќи кочење на сообраќајот. Жителите на општина Кавадарци ги искршија своите автомобили минувајќи низ улицата “Мито Хаџивасилев – Јасмин” која е една од најтранзитните во општина Кавадарци.

Возачите револтирани, апелират до надлежните и одговорните дека вакви пропусти не смеат да се случуват посебно во централното градско подрачје. Наносите од песок и камен се толку високи што доаѓа до оштетување на автомобилите кај граѓаните.

Граѓаните апелираат до надлежните веднаш да се санира овој проблем. Исто така апелираат и до надлежните кои ги оддржуваат учлиците во зимски услови да ги чистат поредовно сите улици, да нема селекција при чистењето затоа што доаѓа до отежнување на сообраќајот на некои делови од градот.

Тендерот за набавка на услуги за одржување на локални патишта и улици во општина Кавадарци веќе трета година по ред оди во рацете на Друштво за производство,трговија и услуги “ЈА-МИ” експорт-импорт ДООЕЛ Кавадарци, каде сопственик е лицето Јанчев Митко.

За оваа година висината на проценетата вредност за овој тендер изнесуваше високи 3.380.000 денари. Вредноста на договорот достигна 3.988.400 денари или 65.000 евра пари од граѓаните на општина Кавадарци.

На овој тендер имало само една пријавена компанија.

2 thoughts on “(ВИДЕО) Наноси од камен и песок во центарот на Кавадарци

  • January 20, 2017 at 3:52 pm
    Permalink

    So si misle Panov uste dva meseca sum na funkcijata i posle mene potop.

  • January 20, 2017 at 5:47 pm
    Permalink

    Abe koga bese puknata cevkata ja iskopaa ulicata za da go resat problemot i potoa ja zatrupaa i sega od snegot sto se topi zemjata propagja i ima dupka 😀 😀

Leave a Reply

Your email address will not be published.