Намирници кои можат да го заменат шеќерот

Мед
Медот е еден од најпознатите производи, кој е одлична замена за шеќерот. Има добар вкус и одговара како додаток во најразлични јадења. Имајте на ум дека медот е за 50% поблаг од шеќерот, што значи дека ќе ви биде потребна помала количина.
Јаворов сируп
Јаворовиот сируп е вкусна замена за шеќерот, особено во печива и колачи. Иако тој не е многу благ, сепак неговиот вкус е богат и силен. Овој сируп има и лековити својства. Состојките на јаворовиот сируп делуваат против воспаленија кои се поврзани со сериозни хронични заболувања, како што се болестите на срцето, дијабетесот, одредени видови на рак и Алцхајмеровата болест.
Сируп од кафеав ориз
Сирупот од кафеав ориз е следното слатко искуство кое може да биде замена за шеќерот. Овој сируп наликува на карамела и иако е сладок како шеќер, сепак прави голема разлика, со оглед на тоа што една лажица од сирупот има само 13 калории. Сирупот од кафеав ориз, исто така, содржи цинк, магнезиум, витамини и хранливи материи.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.