Накитот на древните Македонки

“Преку самите артефакти може да се долови историскиот контекст на нивното создавање, техниките и занаетите користени за изработката на накитот, социјалниот статус на жените во Македонија низ вековите, религиозно-култната припадност, како и политичката идеологија претставена на некои од подоцнежните накити”, потенцира Честоева, директорката на Археолошкиот музеј на Македонија.

Ѓердани, појасни токи, белегзии, прстени, садови за парфеми и балсами, како и обетки кои ги носеле древните Македонки ќе бидат дел од вредните артефакти во рамките на најновата изложба на Археолошкиот музеј која ќе биде претставена надвор од границите на државата.

Во рамките на “Дамскиот накит од Македонија низ вековите# ќе бидат претставени атрактивни предмети најдени на тлото на Македонија од неолитот до доцниот средни век, кои имаат непроценлива уметничка и историска вредност.

 

 

Извор: vecer.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.