Наќе Чулев од Кавадарци, шеф на македонското разузнавање, преживеа сообраќајка
Според неофицијални сознанија, директорот на Агенцијата за разузнавање, кавадарчанецот Наќе Чулев вчера вечер преживеал тешка сообраќајнанезгода во која за среќа поминал со полесни повреди на градниот кош. Портпаролот на МВР, Иво Котевски немаше сознанија за тоа дали Чулев имал сообраќајна незгода, бидејќи до полицијата стигнувале информации само доколку во незгодите имало и загинати, без оглед дали станува збор за високо позициониран функционер во безбедносните служби.
Извори од Агенцијата за разузнавање ја потврдуваат информацијата на Либертас. Велат дека за среќа сите поминале со полесни повреди.
Во возилото со кое патувал Чулев, освен возачот кој имал скршеница на ногата, повреден бил и раководителот на одделот за аналитика, кој добил осум „копчиња“ на главата. Сообраќајката се случила на враќање на директорот од службено патување од Бугарија. Возилото на Агенцијата било жртва на БМВ со бугарски регистерски таблички.
Извор Либертас