Најштетните пијалаци кои ги конзумираме

Некои испитувања направени врз животни, прекумерното консумирање на вештачки засладувачи го поврзаа со развојот на рак. Покрај тоа, диеталните пијалаци се поврзуваат со уште четири други негативни последици: зголемен ризик од срцев и мозочен удар, проблеми со функционирањето на бубрезите, предвремено породување и зголемување на тежината.

Срцеви и мозочни удари
Ако пиете диетални газирани пијалаци секој ден, може да го зголемите ризикот од срцев и мозочен удар, како и други проблеми со крвните садови за 43 проценти. Оваа закана не постои ако редовно пиете газирани пијалаци со шеќер или ако поретко пиете диетални газирани сокови. Наведената бројка е резултат на студијата спроведена на повеќе од 2.500 возрасни луѓе, објавена во јануари оваа година. Засега, никој не може да објасни што е она во диеталните газирани пијалаци што го зголемува ризикот.
Проблеми со бубрезите
Истражување спроведено на Харвард покажа дека жените кои пијат два или повеќе диетални газирани пијалаци дневно може да имаат и до 30 проценти послаба функција на бубрезите. Ова се покажа како точно и откако предвид биле земени факторите како што се возраста, високиот крвен притисок, дијабетесот и физичката активност.
Предвремено породување
Данска студија во која биле вклучени повеќе од 59.000 жени ја покажала поврзаноста помеѓу оние кои пиеле еден или повеќе диетални газирани пијалаци дневно и за 38 проценти поголемиот ризик од предвремено породување. Бремените жени кои пиеле четири или повеќе диетални газирани пијалаци имале ризик од 78 проценти. Обичните газирани пијалаци не биле доведени во слична врска.
Дебелеење
Диеталните пијалаци ги консумираме со цел да ја намалиме телесната тежина, но резултатите може да бидат далеку од посакуваните. Една студија спроведена во Сан Антонио покажала дека оние кои пиеле газирани диетални пијалаци имале 70 проценти поголем обем на половината. Уште полошо, оние кои пиеле два или повеќе диетални газирани пијалаци имале 500 проценти поголем обем на половината од оние кои не пиеле диетални газирани сокови. Се разбира, ова не може да биде доказ дека диеталните газирани пијалаци дебелеат. Можно е почесто да ги пијат оние кои имаат проблеми со тежината.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.