Најстариот корисник на Фејсбук

Баба Флоренс е веројатно најстарата корисничка на оваа социјална мрежа и имаше чест да ја посети и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг.
Флоренс Детлор вели дека Фејсбук и помага да остане во контакт со најмилите, но и дека се чувствува помлада. Редовно го посетува и често остава слики.
Нејзината најпопуларна фотографија досега собра над 5.000 лајка. На Фејсбук се придружила пред точно три години, во 2009 година.
Истражувањата покажуваат дека тинејџерите, иако примарна корисничка група, полека ја губат трката според бројот на посети кои ги остваруваат секојдневно, во корист на жените постари од 55 години.
Тие стануваат доминантна корисничка група, доколку се гледаат новоотворените сметки во последните неколку месеци и користењето на оваа социјална мрежа.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.