Најпознатиот затвореник во светот

При првиот обид за погубубање, џелатот не можел да му најде вена во која требало да го вбризга отровот. Дури 16 пати пробувал но не успеал. Комисијата која го следела извршувањето на казната морала да се откаже од смртоносниот коктел.
Во што била тајната? Роналд Пост во тој момент имал повеќе од 300кг тежина и обемот на рацете му бил како просечен обем на половина на жена.
Пост добил голема популарност преку ноќ. Сигурно охрабрен од несупехот на џелатот, Пост продолжил да се здебелува па достигнал до неверојатни 450кг.
Бидејќи државата пробала уште неколку пати да го усмрти Роналд Пост но неуспешно, адвокатите трганле во акција.
Побарале помилување за осуденикот со образложение дека понатамошните обиди за погубување би му носеле неверојатна и нехумана болка, и дека тој веќе со излегувањето неколку пати на погубување се покајал за своите гревови.
Во неможност да смислат нешто ефикасно , републикаснкиот гувернер на Охајо донел решение за помилување на Роналд Пост во декември минатат година. Во решението правниот тим на гувернерот навел дека таквата одлука е донесена поради лошото правно застапување, не наведувајќи притоа дека вистинската причина е тежината на осуденикот.

Сепак оваа приказна не заврши доброза Роналд Пост. Баш кога добил помилување почнале неговите задравствени проблеми. Иако е префрлен во Медицинскиот ценатр уште од јануари, лекарите наводне не можеле да му ја подобрат состојбата. Пост умрел во четвртокот а затворската служба не сакала да издаде соопштение за точните причини за смрт оправдувајќи се со законската процедура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.