Најмоќни жени во светот: Меркел пет години никој неможе да ја “бутне“ од врвот

 

Престижното списание денеска ја објави листата за 2015 година, а Меркел ја предводи класификацијата на стоте највлијателни жени во светот по десетти пат.

 

– Таа во декември 2014 година освои трет четиригодишен мандат на чело на најдинамичната економија во Европа, станувајќи жена, која најдолго ја зезема лидерската позиција во Европа, пишува „Форбс“.

 

Списанието нагласува дека таа се справила со националната рецесија во Германија во услови на светска економска криза и е „во центарот на напорите да се направи обид да и се помогне на Грција да ја заживее сопствената економија“.

 

„Форбс“ нагласува дека само една жена претставува закана за позицијата на Меркел, како највлијателна жена во светот, а тоа е Хилари Клинтон.

Поранешната државна секретарка на САД и прва дама додека претседател беше нејзиниот сопруг Бил Клинтон, ќе учествува на претседателските избори во САД во 2016 година. Доколку победи таа ќе стане првата жена претседател во историјата на САД. Минатата година таа беше шеста во класификацијата на „Форбс“.

 

Трета е американската филантропка Мелинда Гејтс, сопруга на најбогатиот човек во светот Бил Гејтс.

Претседателот на Управата на федералните резерви на САД, Џенет Јелон, од втората оваа година е поместена на четвртата позиција. Петта е Мери Бара, претседател и главен извршен директор на американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Французинката Кристин Лагард е на шесттото место, а бразилската претседателка Дилма Русеф на седмото.

Извор: Емагазин

Leave a Reply

Your email address will not be published.