Најмистериозната книга на светот

Со оглед на тоа што за реставрацијата на манастирот му биле потребни пари, овој трговец ја добил книгата за евтини пари, а до ден денес оваа книга ја интригира јавноста, а нејзиното дешифрирање сите ги збунува.

Војнич со книгата ја добил и листата на претходните сопственици која потекнува од 17-тиот век и сопствениците кои биле важни луѓе од тоа време. Во листата стоел и еден текст кој кажувал дека кодексот му припаѓал на Рудолф Втори, цар на Светото Римско царство (1576-1612) и тој ја платил 600 златници, а се верува дека тоа е дело на филозофот и изумител Роџер Бејкон од 13-ти век. Се верува дека Рудолф Втори ја купил од астрологот Џон Ди кој ги поседувал ракописите на Бејкон.

Оваа книга во сопственост кај Војнич била од 1912-та до 1969-та година кога влегла во збирките на универзитетот Јеил.

Книгата покрај тоа што содржи илустрации на непознати билки и непознат јазик, таа содржи и бројни непознати космички и астролошки прикази, како и слики на голи жени кои се капат во мали садови.

Ова ги навело некои толкувачи да ја сместат книгата во неколку поглавја: ботаника, астрологија, медицина, космологија и фармација. И покрај сите обиди книгата да се дешифрира, сè било залудно, а тоа некои толкувачи ги навело да помислат дека книгата е дело на самиот Војнич затоа што тој имал познавања за да направи такво нешто.

Тие сомневања ги отфрлиле Д-р. Марчело Монтемуро од Универзитетот во Масачутес и Д-р. Дамијан Занете од Аргентина кои со семантичка анализа на ракописот дошле до заклучок дека текстот има структурна логика која ја имаат и другите познати јазици.

Книгата содржи 170.000 глифофи (пишани знакови) кои се разделени со коси црти, а се издвојуваат и 30 знаци кои се појавуваат еднаш или два пати.

Благодарение на интернетот, ракописот е достапен за многу љубители на дешифрирањето и на мистериите, а и покрај многуте обиди за дешифрирање на многу брилијантни умови, се мисли дека позади овој ракопис има приказна која никогаш нема да се разјасни.

Погледнете го видеото за најмистериозната книга на светот:

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.