(Видео) Најмалку 27 лица загинаа во судири во Северозападна Кина

Според очевидци, откако во судирите загинале 17 лица, меѓу кои девет полицајци и осум цивили, полицијата интервенирала и отворила оган убивајќи десетмина напаѓачи.
Нападот се случил изутринава кога група напаѓачи, вооружени со ножеви, ја нападнале полициската станица и зградата на локалните власти во градот Лукун, на околу 200 километри од регионалниот главен град, Урумчи.
Етничките тензии меѓу муслиманските Ујгури и кинеските Хан заедници во регионот Синџијанг често резултираат со случаи на крваво насилство.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.