Најлошите диктатори во светот

НЕ ВИН

Не Вин бил на чело на Бурма од 1962 до 1981 година и судејќи според изјавите на блиските луѓе често практикувал бања од делфинска крв за што верувал дека ќе му ја врати младоста и виталноста.

Овој диктатор бил особено суеверен. Поминувал мостови наназад само пораид тоа што верувал дека тоа ќе го избрка злото, се консултирал со голем број врачеви и магионичари во секоја прилика кога требало да донесе важна одлука.

Поради грижата дека неговата политика се движи премногу во лева насока ги запрашал своите советници што би требало да направи – врачевите му советувале да го промени начинот на возење по патишатата, од десна на лева страна, само за да го изедначи премногу левичарскиот стил на неговата тогашна политика !

Утредента овој лидер објавил дека сите возат на погрешна страна од патот без оглед што сите автомобили и сите раскрсници во Бурма биле прилагодени за возење од десната страна.

Пророците исто така му рекле дека негов среќен број е 9, што резултирало со тоа да секоја своја законодавна одлука ја носел само оние денови кои имале некаква врска со овој број. Набрзо после ова “советување” ја променил валутата во Бурма и вовел само новчаници во апоени од 15, 30, 45 и 90, верувајќи дека тоа ќе му биде од помош да доживее длабока старост.

Иако ова може да изгледа како безначаен потег, оваа одлука довела до тоа да скоро половина од населението кое ги имала своите заштеди во други апоени, ги изгубила сите пари преку ноќ.

Што му се случило? После овие и голем број други одлуки кои според мислењето на населението биле повеќе од чудни, следувале демонстрации, а демонстрантите му оставиле јасен избор: или веднаш ќе се повлече од власт, или покрај крвта од делфин ќе биде пролеана и неговата. Во својот последен говор Вин на демонстрантите им порачал дека нивниот потег не бил ‘воопшто кул’.

ЕНВЕР ХОЏА

Енвер Хоџа бил пример за Албанија, но неговите политички амбиции оделе подалеку од безначајната лидерска позиција и затоа одлучил самиот да ги превземе сите државни позиции станувајќи “Втор-претседателски-премиер-министер за надворешни работи-главен командант на комплетно цела Албанија”.

Хоџа исто така забранил да се поседува телевизор во боја и машина за пишување се до 80 – тите години на минатиот век, затоа што сметал дека тоа ќе ги оттргне луѓето од албанскиот начин на живот, кој секако бил под големо влијание на комунизмот.

Како и голем број диктатори ширум светот Хоџа често користел двојници поради стравот од потенцијален атентат. Меѓутоа, тиа луѓе не биле доброволци. Хоџа во една прилика го киднапирал селскиот забар кој наликувал на него и потоа наредил да му се направи пластична операција за да се зголеми сличноста.

Една работа која го плашела Хоџа повеќе од атентатот била инвазијата на Советскиот Сојуз. На негов единствен начин одлучил дека вистинската работа која би ги одвратила Советите, била изградбата на 750.000 бункери низ земјата. Албанија била значително мала земја со вкупно 3 милиони граѓани, така што оваа одлука денес изгледа ирационално, но работите доаѓаат во перспектива кога во предвид ќе се земе фактот дека во најголем број од тие бункери можело да собере само една личност.

Што му се случило? Апсолутно ништо. Хоџа останал на власт се до својата смрт. При самиот крај се повлекол од јавната сцена и се посветил на пишувањето кое резултирало со преку 60 изданија кои биле посветени на неговото владеење и сите работи кои ги направил како што треба. Зад себе оставил една од најсиромашните земји во Европа. Бункерите кои останале се покажале како одлично изградени и ден денес служат како потсетник на неговото владеење.

НИКОЛАЈ ЧАУШЕСКУ

На власт дошол 1965 година како прв секретар на Комунистичката партија на Романија. Со оглед на фактот дека бил лидер на држава која полека почнувала да влегува во комунизмот.

И покрај политичките убедувања, Чаушеску бил се освен скромен и посветен на идеологијата и еднаквоста за сите. Во 1980 година посакал палата за себе за да до крај може да го потврди својот божествен статус а планирал да ја изгради во центарот на историскиот дел од градот, за што било потребно рушење на 19 цркви, 6 синагоги и 30.000 домови.

Палатата била наречена најголема градба после Пентагон, а амбициозноста на проектот се граничела со лудлило. Државата ја чинела 10 милијарди долари и за нејзина изградба биле ангажирани 700 архитекти. По неговата смрт палатата станала зграда на Парламентот која и понатаму успева да искористи само 30% од вкупниот простор.

Ваквите проекти само ја зајакнувале неговата илузија за сопствената битност, така што набрзо по завршувањето на палатата барал неговата полуписмена жена Елена биде призната како член на Академијата за науки на Њу Јорк и Кралскиот институт за хемија. Во Романија таа веќе била сопственик на титулата “Академик-доктор-инженер”, а сите признати домашни научници морале да и даваат признание за своите истражувања на жената на лидерот. Што му се случило? Неговото непознавање на ситуацијата во светот не било ништо во споредба со непознав њето на ситуацијата во Романија и фактот дека народот го мрази. Во текот на 1989 година народот започнал бунт, а говорите на Чаушеску и обидите да ги смири само ја влошиле ситуацијата. По неколку дневен бунт тој бил фатен со својата сопруга и убиен.

КИМ II СУНГ

Доколку се прашувате што е причината за комплетното лудило на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг, одговорот е едноставен – неговиот татко Ким II Сунг.

Тој бил прв претседател на Северна Кореја по Втората светска војна. Неговото именување од страна на Советскиот Сојуз покажало колку всушност им било грижа за народот. Ким не бил Кореанец, имал само 8 години образование и тоа во Кина, а јазикот едвај го познавал така што било потребно да се изнајми инструктор за неговиот прв говор.

Русите не можеле ни да сонуваат колку погрешиле во својот избор, се до почетокот на војната во Кореја која донела само деструкција на земјата на две половини.

Ким на својот народ им соопштил дека во текот на Втората светска војна учествувал во преку 100.000 борби за 15 години, што одприлика изнесува 20 броби дневно, ако се занемари фактот дека целата војна траела околу 6 години. Исто така тврдел дека може да го претвори песокот во ориз и дека може да ја помине реката на лист, верувајќи за себе дека е некој вид на корејски Исус.

Пропагандата во Северна Кореја го завземала првото место, пред храната, едукацијата и сосема сигурно пред здравиот разум.

Што му се случило? Жално за неговиот народ, или поточно поданиците, Ким умрел во 1994 година. После смрта следувал период на жалење кој траел 10 дена, илјадници луѓе се самоубиле, поради тоа што после така силна пропаганда, немале причина да живеат без својот лидер.

МАО ЦЕ ТУНГ

Станал лидер на Народна Република Кина по нејзиното основање во 1949 година. По доаѓањето на власт бил одговорен за една од најлоѓите одлуки во политиката насловена како ‘Голем чекор напред’. Оваа стратегија подразбирала оддалечување на луѓето од фармите и полињата со ориз за да се посветат на тешката индустрија, што довело до смрт на милиони поради недостатокот од храна.

По ова следувала ‘Културната револуција’, која во пракса означувала објавување на војна на паметните луѓе под изговор дека буржоаскиот елемент го кочи создавањето на бескласно општество во Кина.

Биле затворани универзитети а професорите и студентите биле испраќање на село каде требало понатаму да се доедуцираат преку работа. Да се биде интелектуалец било сметано за навреда.

Што му се случило? Како што стареел, се поголемо внимание посветувал на сопствената смртност. Се приклучил на Таоистичкото верување дека сексот со девица го продолжува животот. Младите девојки му биле носени од сите страни на земјата за да му помогнат да ја допре вечноста. Но и покрај тоа умрел во 1976 година.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.