Најкорисно за вашата кожа – златото и дијамантите

Во што е тајната? Во тоа што лажниот сјај однадвор може да го оттргне погледот и да ги направи вашите брчки и неправилни места на лицето помалку забалежливи.

Но вистинската вест е во тоа што микрозрнцата на дијамантите, турмалинот, златото, бисерите и тиркизот го рефлектираат светлото на така чудесен начин што брчките како да не постојат.

Покрај ова, тие имаат позитивно дејство и против воспаленијата, ја штитат кожата од бактерии и го потикнуваат производството на калогенот. Со еден збор вистински елискир на убавината

Металите, полускапоцените и скапоцените камења се најдобри пријатели на жените. По дијамантски пилинг вашата кожа ќе има подобра структура и циркулација, а од вашето лице ќе исчезнат сите пигментски дамки и брчки.

Дерматолозите веќе одамна тврдат дека златото има повеќекратно дејство – го намалува антибактериското дејство, ја смирува иритираната кожа и го зајакнува нејзиниот имунитет, а и кожата ќе изгледа помладо.

Златото им помага на болните клетки што побрзо се вратат во првобитната форма. Освен тоа овој благороден метал повеќе од 300 проценти од својата тежина ја врзува со влажноста на кожата и на тој начин ги стабилизира нејзините функции.

Бисерите ги содржат сите важни материи кои и се потребни на вашата кожа, меѓу кои и аминокиселините и минералите.

Како тие дејствуваат?

Како дијамантите и останатите скапоцените камења како дел од состојките на козметичките производи го подобруваат квалитетот на негата на кожата?

Светликавата дијамантска прашина, блескавите златни честички, сјајните бисери се новите козметички трендови кои несомнено се високо каратни.

Сè повеќе кремови и емулзии во себе содржат материи кои имаат непроценлива вредност. Скапоцените камења, благородните метали и бисерите ќе го направат вашиот тен блескав и тоа не само површински. Енергијата и позитивното дејство на овие благородни метали кои доаѓаат од внатрешноста на земјата продираат длабоко во кожата.

Зошто се добри?

Златото и среброто се особено добри за чувствителната кожа поради нивното антибактериското дејство. Течното злато ја спречува иритацијата, ја смирува кожата и ја прави мека и мазна. Но златото може и повеќе: тоа ги интензивира активните материи.

Плиније, писател од стариот Рим имал навистина добра причина кога го посакал следното: “Кога човек би можел да пие злато, би требало да го пие во мали голтки со цел да си го продолжи животот”.

Денес и тоа е можно. Специјално подготвената вода во која лебдат микроскопски невидливи честички, лекарите и терапевтите ориентирани на лекување со природни лекови, ја препорачуваат против умор и лошо расположение. Златото ја поттикнува микроциркулацијата и овозможува подобро примање на активните материи содржани во препратите за нега.

Камењата и даваат убавина на кожата

Аметист прави сврзното ткиво да е напнато и ја засилува одбрамбената сила на кожата; ако го чувате под перница ќе ви даде окрепувачки сон за убавина.
– Аквамаринот има прочистувачко дејство.
– Чистиот кварц ја поттикнува циркулацијата ги ублажува
изгорениците од сонце.
– Јантарот го зголемува дотокот на кислород во крвта (зависно од масажата), помага против црнки, екцеми и алергии.
– Златниот топаз се грижи за одморни очи.
– Гранитот ја прави кожата мека.
– Светлорозев кремен против брчки предизвикани од недостиг на хидратација.
– Рубинот дава топлина, ги отвара порите за активните материи.
– Сафирот дејствува против акни и иритација на кожа и го враќа сјај во црвени очи.
– Смарагд ја подмладува кожата ја освежува и ја смирува.

Моќ на бисерите

Составните делови на бисерите кои содржат протеини, и ја враќаат влажноста на кожата, а честичките на седеф ги стимулираат клетките одговорни за густината и чистота на кожата и го потикнуваат бришењето на ситните брчки.
Дијаманската прашина е задолжена за полирање, кристалната пудра ја прави кожата мека, а бисерите ја измазнуваат. Тоа се одлични парчиња накит во облик на крем.

Како да се одложи стареењето?

И кралот на камењата, дијамантот го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува лачењето на токсините и може да го одложи процесот на стареење што го прави првокласен материјал за убавина.
Иситнет во најфина пудра, одлично делува.
Тој во исто време може да се користи и како благ пилинг и како регенерирачка маска, што ќе резултира со мазна кожа која блеска со свежина и живост. Убавината на бисерот кој се создава сам по себе ги инспирирала истражувачите за да го искористат за нашата кожа.
Бисерот содржи високо концентирани комбинации на активни материи од аминокиселини, цинк, бакар и селен, сите од голема важност за нашата кожа. Особено за зрела кожа по 50-те години, кај кои обновувањето на клетките е намалено. Бисери и во сосема мали количини го реактивираат обновување на клетките.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.