Најконтраверзните кралски секс скандали

Катерина Велика (1729-1796)
Руската кралица со германско потекло на власт дошла отстранувајќи го од престолот својот импотентен сопруг кој воедно бил и алкохоличар. А, ако нешто таа не сакала, тоа било импотенцијата.,Катерина се забавувала со многу мажи и сакала да ужива во сексот, иако патела од сериозен проблем со дебелината. Со оглед на нејзината голема склоност кон сексот, се рашириле и гласини дека умрела пробувајќи да има сексуален однос со коњ.

Меѓутоа, историјата никогаш се успеала да докаже дали овие гласини ги измислиле нејзините непријатели Полјаците, или пак ова била навистина најчудната кралица која некогаш постоела.

Крал Џорџ II (1683-1760)
Има нешто во бројот „II“ кога стои покрај името на владетелот. Овој англиски крал имал љубовница покрај која, поточно над која, го предало неговото срце. Така, кралот починал за време на сексуален однос, како и што му доликува на еден крал.
Иако многу ја сакал својата сопруга Каролина, Џорџ II нашол љубовница со цел да ја зачува својата репутација.

Калигула (12-41 година од н.е.)
Од каде да започнеме со Калигула? Освен тоа што учествувал во бројни оргии и негувал необична страст кон својаtа сестра Дресила, овој римски император ја делел љубовта и кон коњите, која ја чувствувала и Катерина Велика. Во неговиот случај дури се работи и за конкретен коњ – Инцитатус.
Покрај тоа што му изградил куќа на овој коњ, постои и теорија дека сакал да го направи и конзул.

Јахангир (1569-1627)
Четвртиот индиски император бил најчудниот крал што некогаш постоел. Не можел да се занимава со управување на државата, па тоа и’ го препуштил на својата омилена жена Нур Јахан, чиј внук Мумтаз Махал го изградил Таџ Махал.
Јахангир имал 300 сопруги, 5000 конкубини (љубовници) и уште 1000 машки конкубини.

Принц Чарлс (1948)
Оваа листа не може да заврши без познатиот англиски принц Чарлс. Покрај целата приказна со Камила и Дајана, во 2003-та се раширија и гласини за аферата со неговиот машки советник Мајкл Фосет. Сепак, било како било, две години подоцна тој се ожени со Камила, а во последно време се зборува дека и на овој брак му се ближи крајот. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.