Најчудните временски феномени

ОГНЕНО ТОРНАДО

Огненото торнадо или огненото грло е редок феномен каде огнот создава вртлог како оној кој се формира при торнадо. Овие разорни циклони од пламен се познати и како пламени ѓаволи. Овој феномен се случува кога дрвја, шуми или пламени го присилуваат воздухот да го менува правецот како резултат на разликите во температурата на воздухот или брзината. Додека некои од овие огнени вртлози патуваат многу брзо, други може да се движат само кога топлината може да остани да лебди а гасовите кои ја опкружуваат ја притискаат сама во себе.

Најсмртоносниот пример на вакво огнено торнадо се случил во 1923 година во Јапонија по катастрофалниот земјотрес од 7,9 степени. Преиживеаните во оваа несреќа се собрале заедно на отворен простор, но се појавило огромното огнено торнадо кое убило илјадници опустошувајќи го тој отворен простор. 

ЛЕДЕНИОТ ПРСТ НА СМРТТА

Опасните феномени не се закана само за оние кои живеат на копното, туку гу погодуваат и жителите на морскиот свет.

Ледениот прст на смртта е предизвикан од ладна солена струја. Ова се случува кога топлината се двиѓи од потоплите мориња кон ладниот воздух, формирајќи мраз од дното. Овој мраз ги зафаќа солените канали и поради соленоста е поцврст и поладен од остатокот од морската вода која го опкружува, ги смрзнува областите со потопла морска вода кога доаѓа во допир со нив.
Кога овој ‘гром’ ќе ури во морското дно остава смртоносна мрежа од мраз која смрзнува се што доаѓа во допир со неа.

ОБЛАЦИ КОИ СЕ ТРКАЛААТ

Некои ги објаснуваат овие облаци како превртено торнадо. Овој тип на облаци обично оди заедно со јаки грмотевици.

Овој раритет на природата се појавува кога температурата на воздухот се ‘превртува’ и предизвикува топлиот воздух да се наоѓа врз ладниот воздух. Во тој случај ветрот ја менува својата брзина и насока и предизвикува ефект на тркалање на овие болаци во облик на цилиндер. 

За да се појават овие облаци потребно е прецизно количество на влажност. Обликот на облаците е предизвикан од јаките ветрови, кои ги придвижуваат истите кон бурата. Имаат облик на џиновска игла која се тркала.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.