Најчести особини на среќните луѓе

Благодарноста ослободува од стрес, го подигнува расположението што позитивно делува на комплетниот имунолошки систем.
Луѓето често забораваат на оваа едноставна навика што и не е така тешко ако се секојдневно соочени со едн куп проблеми. Ако боледуваат од рак, тие се благодарни на медицинската помош која ја примаат и подршката од семејството. Ако немаат семејство ни партнер, благодарни се на своите пријатели. Ако се невработени, благодарни се што имаат кров над главата.
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ СЕ БЛАГОДАРНИ НА СИТНИЦИТЕ
Тие не земаат здраво за готово се што се случува секојдневно како тоа дека наутро се разбудиле здрави, дека имаат вода, струја или храна. Тие ова го приметуваат и благодарни се на тоа.
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ СВЕСНО ОДВОЈУВААТ ВРЕМЕ ЗА БЛАГОДАРНОСТ
Тие имаат низа начини како да ја освестат својата благодарност. Тоа може да биде во текот на денот да најдат време за да направат лоста на работите поради кои се благодарни. Исто така можат во текот на ручекот да размислуваат за тоа зошто се чувствуваат благословени. Нив чувството на благодарност им е во секојдневната пракса.
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ПОКАЖУВААТ БЛАГОДАРНОСТ
Тие наоѓаат момент за да ја искажат благодарноста за искуствата кои ги добиле. Тоа не се само зборови, туку се заблагодаруваат со чувства. Тоа може да биде воздишка на олеснување, дишење или едноставен восклик со кој ќе покжат дека го впиваат тоа чувство.
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ СЕ БЛАГОДАРНИ КОН ЛУЃЕТО КОИ ГИ ОКРУЖУВААТ
Имаат навика да им заблагодаруваат на блиските поради ситници. Често им даваат комплименти, им се заблагодаруваат и добиваат позитивни повратни реакции.
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ЗБОРУВААТ ЗА СВОЈАТА БЛАГОДАРНОСТ
Тие со своето директно изразување на благодарност и останатите ги заразуваат со радост.
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ СЕ БЛАГОДАРНИ ЗА ТУЃИОТ УСПЕХ И СРЕЌА
Тие уживаат во туѓата среќа. Тие живеат во свет во кој има доволно за секој. Не ја гледаат добивката на некој друг како своја загуба. За нив добивката е нешто што се дели и сите се среќни. Среќните луѓе знаат дека животот е чудо.
И вие може да гледате на животот на ист начин.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.