НАЈЧЕСТИ МИТОВИ ПОВРЗАНИ СО БРАКОТ

Избегнете да паднете во овие замки, доколку сакате да имате здрава и долгорочна врска.

Митот “Промена”!

Жените се стремат да веруваат дека можат да го променат својот партнер. Веројатноста да промените маж на некаков значаен начин во текот на нивниот возрасен живот е сведена на минимум. Постојат ретки случаи кога мажот ќе помине низ спиритуална трансформација и да се промени драстично, но тоа не е правило.
Жени, доколку постои нешто кај вашиот партнер што не ви се допаѓа и сакате да го промените, или научете да живеете и да се справите со тоа или најдете некој друг.
Обидувањето да промените некого е само игра, иако тоа може да биде во нивен интерес.

Митот “Секогаш иста”!

Мажите веруваат дека нивната партнерка ќе остане секогаш секси, привлечна, нежна, како парнерката која на почетокот ја запознале. Тоа се карактеристики на жена која се обидува да придобие некого. Откога ќе успее, таа ќе почне да се однесува “нормално”.
Претходните особини ќе ги има сеуште, но не со толкава тензија и не толку често. Мажите треба да знаат што ги привлекува кај жената, доколку тоа е само надворешноста, тогаш врската нема да трае долго.

Митот “Двајцата станаа едно”!

Најчесто очекуваме дека кога ќе стапиме во брак дека ќе правиме се заедно, ќе одиме секаде заедно, ќе почнеме да си ги читаме мислите и со тек на време дека ќе почнеме да личиме еден на друг. Овој мит е можеби најопасен за должината на врската.
Вие морате да имате посебни идентитети. Кога ќе се изгубите себе си во една врска, тоа е почетокот на крајот.
Ова е воочливо дури по неколку години, но можно е еден ден двајцата да се разбудите и да сфатите дека сте комплетно несреќни.
Дружете се со пријателите на редовна база и задржете различни интереси од вашиот партнер.

Митот “Засекогаш среќни”!
Сите ја знаеме сервираната приказна дека откога ќе ја најдеме љубовта (по претходни години на потрага по ридови и долини) дека ќе бидеме среќни засекогаш. Жалам, меѓутоа не функционира тоа така. Луѓето се хаотични, полни се емоции и несигурности, лични недостатоци и маани. Кога ќе ставите две личости заедно на определен временски период, тука не спаѓа медениот месец, животот станува комплициран, барем малку. Дури и доколку се работи за љубовта на вашиот живот, секогаш ќе има недоразбирања, расправии и времиња на искушение.
Митот “Љубов на прв поглед”!
Вашите погледи се вкрстија од краевите на собата и со посебни визуелни тунели кои блокираат се однадвор вие останавте сами во просторијата. Како се доближувавте еден кон друг, огнометот помеѓу вас се повеќе се вжештуваше и во секој момент се спремаше да експлодира. Да, се случува. Но, и кога ќе се случи, тоа е најчесто поврзување на две души кои делат важни животни лекции. Важни животни лекции најчесто доаѓаат во обликот на предизвици и тешкотии, комплименти од вашиот љубен. Да, тоа е љубов, но не е бајка.
Митот “Сродна душа”!
Колку често жените се прашуваат кога и како да ја сретнат својата сродна душа? Постои ли еден совршен човек таму некаде за секој од нас? Не е точно!
Сите ние имаме повеќе сродни души. Сродните души се членови на нашето духовно семејство, и не мора секогаш да значи дека се само партнерите. Можете да имате повеќе од една романтична врска со сродна душа, секоја ќе ве научи да се справите со одреден предизвик. Една може да ве научи како да се почитувате себе си, можеби непочитувајќи ве до степен до кој вие ќе речете “е сега е доста”!
Друга може да ве потсети дека вредите или дека сте сигурни. Секоја ќе ве води кон љубовта на вашето срце.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.