Нагло иселување на младите од источна Македонија

 Ги напуштаат селата, ГИ полнат градовите, ЗАМИНУВААТ ВО СТРАНСТВО, пренесува Телма. И статистиката потврдува, Источна Македонија старее. Наталитетот на населението е во негатива.

Минатата година се родиле околу 1 500, но починале околу 1 800 жители. Родниот крај најмногу го напуштаат жителите од Малешевско- пијанечкиот крај. Поранешен млад жител на Пехчево, кој сега живее во Скопје вели дека неговиот брат како најдобар студент заминал во Америка, истата судбина ја имаат и останатите од неговата генерација.

Па само пет души има во Пехчево, другите 75 се или во Германија и Америка, а најмногу во Америка завршува на 1.40 се лепи жителка на Пехчево почнува од 49 секунда Во пехчево е убаво да се живее, убава ни е климата, само нема работа за младите повеќе ни избегаа и останаа повеќе старци, вели тој.

Проблемот со иселувањето на младите годинава се почуствува и во Владимирово едно од најголемите беровски села. Овде за прв пат во прво одделение се нема запишано ниту еден ученик.
Лошата инфраструктура е главната причина што дури 68 % од населението живее во градовите, а ТЕШКАТА ЕКОНОМСКА СОСТОЈБА Е ПРИЧИНА ШТО над 70 % од Младите иднината ја гледаат во странство. Иселувањето на младата популација ја чуствуваат и текстилните конфекции, кои реагираат дека просечната старосна граница на една работничка е над 45 години.

Владините мерки за трето дете но и инвестициите во овој регион засега немаат ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published.