НАДВОРЕШЕН ДОЛГ 71,6% ОД БДП: Како растеа долговите?

Според структурата на должниците, најголем дел од долгот отпаѓа на Владата и на останатите сектори, во кои спаѓа и приватниот сектор, пренесува Фактор.

Еве кој колку должи кон странство:

  • Долг на државата 1,6 милијарди евра
  • Долг на НБРМ 378 милиони евра
  • Долг на останати сектори 1,9 милијарди евра
  • Обврски, др.инвестиции 1,2 милијарди евра

Според податоците на НБРМ, во вториот квартал од годинава во споредба со првиот квартал, Бруто надворешниот долг се зголемил за 113 милиони евра, при што раст има и кај краткорочните и кај долгорочните задолжувања.

Еве колку изнесуваат надворешните долгови:

  • Долгорочен долг 4,0 милијарди евра
  • Краткорочен долг 1,7 милијарди евра

Еве како се движеше трендот на раст на долгот, како процент од БДП:

  • 2014 ( II квартал) 71,66%
  • 2013 63,03%
  • 2012 69,39%
  • 2011 64,86%
  • 2010 58,18%
  • 2009 56,40%
  • 2008 49,17%

Заклучно со првото полугодие, Јавниот долг кон надвор изнесува 2 милијарди 585 милиони евра или 32,7% од БДП. Според последните податоци на Министерството за финансии, во јули Долгот на Централната Влада надмина 2 милијарди евра или 40,8% од БДП, ниво кое се смета за едно од историски највисоките.

Извор ФАКТОР

Leave a Reply

Your email address will not be published.