Надал елиминиран во првото коло на Вимболдон

Првиот сет Белгиецот го доби на тежок начин. При резултат 6:5 сервираше за освујување на сетот но дозволи надал да се врати и да се избори за тај-брејк. Меѓутоа Белгиецот го доби и поведе со 1:0 . Во вториот сет Надал направи брејк на резултат 5:5 но овој пат 135-тиот тенисер на светот се врати и успеа повторно во тај-брејк да поведе со 2:0. Третиот сет Белгиецот направи предност која ја задржа до крајот на сетот и мечот. Надобриот шпански тенисер на сите времиња и минатата година рано го заврши настапот во All England Club со пораз во второто коло од Чеџот Лукас Росол.

 

“Ова не беше најдобриот меч на Рафа. Јас отсекогаш добро играм на ваква подлога. Многу сум среќен.” изјави сензационалниот Дарцис кој во второто кола ќе огра против Полскиот тенисер Лукас Кубот.

Наголемиот Надалов ривал Роџер федерер лесно стигна до победа против Виктор Ханеску, а Енди Муреј со ист резултат како и Федерер 3:0 го елиминира Бенџамин Бекер. Во српското дерби Виктор Троицки без изгубен сет го совлада Јанко Типсаревиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.