Над 40 отсто од вработените р’мбаат за помалку од 200 евра

 Само 1,3 проценти од вработените граѓани во земјава или 8 960 вработени Македонци во 2012 година земале плата поголема од 40 илјади денари. Дури 42 процента работат за плати помали од двесте евра месечно, покажува најновата Анкета за работната сила на Државниот завод за статистика.

15 проценти од вработените работат за плата која се движи од 12 илјади до 16 илјади.
Една десетина од вработените имаат плата поголема од просечната, односно примања над 20 илјади.

7 339 илади вработени или 4,2 процента воопшто не примиле плата, а 55 369 се водат како неплатени семејни работници, односно лица кои работат во деловен субјект, земјоделска задруга или дуќан во сопственост на член на домаќинството.

Во продолжение погледнете ги бројките од табелите на Државниот завод за статистика од Анкетата за работна сила за 2012 објавена во Јуни 2013 година.


Вкупно вработени 650 554

Не примиле плата 7 339

До 5 илјади денари 27 571 (4,2%)
Од 5 до 8 илјади денари 55 496 (8.5%)
Од 8 до 10 илјади денари 89 090 (13,7%)
Од 10 до 12 илјади денари 100 089 (15,4%)
Од 12 до 16 илјади денари 103 151 (15.8)
Од 16 до 20 илјади денари 88 950 (13,6)

Од 20 до 25 илјади денари 61 072 (9.8%)
Од 25 до 30 илјади денари 21 198 (3.25%)
Од 30 до 40 илјади 11 365 (1.74%)
40 илјади денари и повеќе 8 960 (1.3%) 

Leave a Reply

Your email address will not be published.