Набргу извештај за случувањата од 24 декември

– Роковите се кратки, работиме интензивно и се надевам дека пред одморите ќе излеземе со конечната верзија на извештајот. Комисијата работи, доста материјали разгледуваме, зедовме видеоснимки, се разгледуваат изјави од инволвирани, почнавме и со препораките, странците многу ни помагаат.

– Ние сме експертска комисија и водиме сметка да ги утврдиме фактите и да набележиме, на пример, како во иднина тоа да не се повторува. Немаме намера, ниту мандат да кажеме кој е крив, кој не е крив. Понатаму ќе го доставиме извештајот и органите и телата ќе си одлучат кој и каде бил инволвиран, изјави Давитковски.

Во однос на препораките од странските експерти рече дека се однесуваат, главно, на Законот за Собранието и собранискиот Деловник.

– Тие се во поглед на подобрување на Законот за Собрание, очигледно има некоја дискрепанца помеѓу Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието. Тоа се акти кои се носат во иста постапка. Очигледно тука треба да се испеглаат. Странците ни дадоа компаративни искуства и мислам дека е добро во иднина да се лоцираат жариштата кои би предивикувале одредени тензии, условно речено, и тоа да се надмине, додаде Давитковски.

Комисијата што треба да ги расветли настаните од 24 декември по неколку месечни несогласувања околу нејзинот состав, беше коститурирана на 14 јуни.

Покрај претседателот Давитковски, во неа членуваат пратенциите Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и универзитетските професори Рената Десковска и Љубомир Фрковски од СДСМ. Во работата на комисјата се вклучени и двајца странски експерти како надворешни членови – Белгиецот Петер Ванхоуте и Швеѓанецот Даниел Таршис.

Претседателот Давитковски по првата конститутивна седница на Комисијата најави дека рокот во кој таа треба да си ја заврши рабиотата е 60 дена. 

Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.