Кавадарчани набрале 10 тони тикви од семе засадено во дворот

Слободанка и Перо Соколови од Кавадарци, од семето за тикви кои го посадиле во својот двор, набрале 10 тони тиква.
Референти од Центарот за поттикнување и развој на земјоделството во Кавадарци им сугерираат на семејството Соколови да направат експеримент и од тоа семе да посадат површина од декар и половина.

kavadarci tikvi2

Слободанка Соколова е воодушевена и вели дека тиквите израснале во висина до метар и половина.
“Вкупно набралвме 10 тони тикви за кои ангажиравме и аргати. Целиот двор е потполнет со тикви а случајните минувачи застануваат и се чудат на нивната големина”. – вели Слободанка.

kavadarci tikvi3

Соколови велат дека најголемиот проблем кај тиквите е токму нивниот пласман. Перо Соколов на градскиот зелен пазар ги продава по цена од 10 денари за килограм но вели дека ако има посериозен заинтересиран купец би ги продал на големо за пониска цена.

kavadarci tikvi4

Leave a Reply

Your email address will not be published.