На садизмот му нема крај

Избегнувањето на одговорност на денот на протестот преку изјави на Росоклија, професор кој никогаш не ја видел ниту ја знаел состојбата на Тамара, професор по невропатологијата и невроимунологијата кој живее и работи во Соединетите Американски Држави се обидува да ја спаси кожата на носителите на јавни функции и имиџот на Владата преку тастатура.

Почитувани граѓани, здравствените власти, а со тоа и Владата, преку своите гласноговорници се обидува да избегне одговорност во случајот на Тамара. Детето почина чекајќи да добие можност слободно да диши, да му работи срцето, да оди исправено и да добие шанса да го живее животот со своите врсници. Тамара немаше шанса да оди на училиште, факултет, да се заљуби за прв пат, да има друштвени активности и да ужива во животот. За сите овие изгубени можности во период од најмалку 1 година, сите неосновани одбивања да и се даде шанса за живот некој сака да ги замени со пропаганда против Тамара. Како нејзината смрт да е помалку важна од удобните фотељи на неколкумина, па им е потребна и помош од невролог кој нема врска со пулмологија да кажува дека Владата не е крива.

ДА НЕ ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА ИМ ПОМИНЕ УШТЕ ЕДНА ЦРНА КАМПАЊА ЗА СПАС НА МИНИСТЕР И ДИРЕКТОРИ КОИ ГИ ПЛАЌАМЕ ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ, А НЕ ДА ГИ УБИВААТ НАШИТЕ ДЕЦА!

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.