ЦРМ : НА МАКЕДОНИЈА НЕ И Е ПОТРЕБЕН ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ

„Вчерашната задничка прес-конференција на Министерството за информатичко општество и администрација и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), и информациите дека наводно, постигнале договор за промени во предложениот закон, ги проследивме со изненадување и сметаме дека какви било разговори и преговори зад затворени врати и надвор од рамките на една сеопфатна јавна и транспарентна расправа, се неприфатливи и штетни за слободата на медиумите во Република Македонија“, реагира ЦРМ.

Евентуалното донесување на предлог-законот за медиуми, во предвечерјето на новогодишните празници, без притоа да се земат предвид ставовите и барањата на медиумската заедница која е против вакво законско регулирање на медиумската сфера, според организацијата, буди сомнеж дека намерите на власта не се добронамерни и дека нејзината цел е да ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите.

„Ваквото однесување на власта дополнително ќе ги потврди констатациите на сите релевантни меѓународни организации дека во Македонија сериозно се загрозуваат слободата на изразување и слободата на медиумите“, порачуваа оттаму.

извор: МАКБОРБА

Leave a Reply

Your email address will not be published.