На ски центарот Кожув се подготвува новата скијачка сезона

Но регионалниот пат кој го поврзува центарот од гевгелиска страна е непрооден поради големи одрони од карпи како и од неисчистениот снег. Сопствениците на скијачкиот центар посочуваат дека нередовното одржување на патот за кој се ангажирани од ”Македонија Пат” им создава проблеми.

Во тек се последните подготвовки за старт на сезоната а се очекува до пред Нова Година се да биде подготвено. На љубителите на екстремно скијање ќе им биде понудено слободно возење на патеки кои претходно не се обработени.

Задоволството на оние кои уживаат во екстремното скијање ќе ги чини од 250 евра па нагоре. Скијачкиот центар може непречено да функционира бидејќи повеќе нема технички проблеми со струјата.

kozuf dekemvri1

Leave a Reply

Your email address will not be published.