На денешен ден е извршена смртната казна врз Драгољуб Михајловиќ

Во прилог на обвинението за вооружена борба на страната на напаѓачите, Драгољуб Михајловиќ бил осуден на бројни воени злосторства извршени од страна на војниците под негова команда, вклучувајќи го и масакрот во Гата, убиените во Враниќ, колежот во Болеч, масакрот и колежот на муслиманите во Друговец, Плеваљ, Чајница и Фоча.

Под нацистичката окупација на Југославија, предизвикувал етничка и верска омраза меѓу народите на Југославија. Поради ова, неговите трупи извршиле масовно колење на хрватите, муслиманите како и врз српското население, стои во пресудата.

Во документот за помилување, Михајловиќ вели:
“Во пресудата на Врховниот суд на ФНРЈ, осуден сум на смрт со стрелање. Поради мојата физичка и психичка истештеност, како и тешкотиите што ме придружуваа низ мојот живот, јас барам од Собранието да се олесни смртната казна со затвор. Со мојата посветеност во работата,  ќе се потрудам да придонесам за мојата држава, како што тоа го работев и до сега.”

Се разбира дека барањето било одбиено.

Leave a Reply

Your email address will not be published.