МТВ се соочува со тужба од Шведската национална телевизија

Според официјалните лица на SVT (Шведската национална телевизија) play интернет порталот на македонскиот национален медиум e комплетна копија на истиот кој е во сопственост на SVT. Kако  што пренесува aftonbladet.se, и што може да се потврди ако се погледне play порталот на шведскиот национален медиум, двете се идентични. Македонската телевизија нема одобрение за користење на истиот дизајн и поради тоа може да се соочи со тужба од страна на SVT. 

Програмскиот директор на SVT, Лена Гласер изјавила дека нивните адвокати работат на овој случај и дека се чека разврската на истиот. Таа исто така нагласила дека се почестени што на некој му се допаднал нивниот дизајн но дека комплетно копирање на истиот е целосно некреативно и непрофесионално од страна на нашиот национален медиум.

Деновиве се зборуваше за неверојатни суми потрошени за креирање на овој портал кој ја покажува модернизацијата на нашиот национален медиум, а денес се потврди дека огромни суми биле потрошени само за копија за која дополнително ќе мора да се одвојат и пари од џебот на обичниот граѓанин за покривање на можните казни кои би произлегле од тужбата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.