За МТВ нема закон, продолжува со емитување на аналоген сигнал

 Советот за радио – дифузија го чека извештајот на Јавното претпријатие „МРД“, кое е надлежно за сигналот кој го емитува Македонската национална телевизија, да им појасни во кои делови од земјата и до кога ќе се емитува аналоген сигнал.

Иако приватните радидифузери успешно го стартуваа процесот на дигитализација, на државната телевизија и` оди потешко. Од СРД, уверуваат дека ова прашање, но и законска обврска, наредната седница ќе се најде на деневен ред, макар што не е јасно дали ваков степен на толерантност држвата ќе имаше и кон приватните телевизии.

„СРД се обрати до Националниот сервис рокот уште е во тек, откако ќе добиеме одговор, на седница ќе разгледаме дали МРТ ги исполнила обврските за дигитализација. Ние немаме инструмент за да констатираме дали МТВ зрачи аналогно“, вели Зоран Трајчевски претседател на СРД.

ОД СРД уверуваат дека процесот на дигиталзиација се одвива успешно. Од 80 отсто од територијата на земјата која до пред 1 први јуни ја покриваа приватните национални телевизи, сега е зголемен на 93 проценти.

До СРД немаат пристигнато жалби за дигиталниот сигнал кој сега го емитува “ОНЕ“. Минатиот викенд имало јавувања од граѓани до АЕК и СРД, но од неделата се намалиле, што значи дека покриеноста со сигнал е одлична“, додава Трајчевски

Трајчевски потсети дека домаќинставата кои до сега не го добивале сигналот на МТВ, а со дигиталзиацијата ќе го добиваат на нивните приемници ќе бидат обврзани да плаќаат радиодифузна такса, а оние пак, кои ќе го загубат со дигиталзиацијата ќе бидат ослободени од овие давачки.

На денешната седница на СРД, беше одлучено на, Сител – дооел Скопје да се изрече мерка еден ден не емитување реклами заради пречекорување на предвидениот максимум во серијалот „Бурни Времиња“.

Со одлука на Советот за радиодифузија ќе згаснат „Канал 8“ од Кочани, „Вижн“ од Прилеп, „ГТВ“ од Гостивар и уште една локална телевизија од Дебар, заради неподмирени долгови кон државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.