Не постои закон за МТВ, и натаму зрачи аналогно!

 Нeверојатната толерантност кон МТВ, која парите за дигитализација ги доби од владата, беше потврдена и денеска од страна на Советот за радиодифузија. Нејасно е дали до нив е пристигнат долгоочекуваниот извештај од Јавното претпријатие Македонска радиодифузија кој требаше да содржи појаснување до кога и во кои делови за земјата ќе се емитува аналогниот сигнал.

Нашето прашање на оваа тема предизвика нервозна реакција кај претседателот на Советот кој како одговор единтвено не` пренасочи кон останатите инстиутуции. Повеќе информации не добивме ниту од Агенцијата за електронски комуникации. Постојано зафатени со колегиуми и состаноци, нивните лица за односи со јавност не успеаа да обезбедат време ниту за писмено соопштение. Оттаму, како едиснтвена алтернатива ни остана нивниот одговор кој преку електронска пошта ни беше испратен уште пред еден месец

„Имајќи предвид дека не е инсталирана комплетната мрежа на Македонската радиодифузија, до 01.09. 2013та година ќе продолжат да работат неколку предавателни локации со аналогна модулација, за да се обезбеди покривање во определени реони во кои се уште нема дигитален сигнал. Програмските содржини на Македонската Телевизија мора да бидат достапни до сите граѓани на РМ кои за тоа плаќааат радиодифузна такса“.

Во соопштението на АЕК нема образложение зошто ваков дополнителен рок не беше предвиден за останатите радиодифузери. Фактот дека се уште не е инсталирана комплетната мрежа на Македонската радиодифузија, остава простор за претпоставка дека надлежните институции однапред знаеле дека ќе дојде до пролонгирање на терминот поради кој приватните телевиззи неколку пати се пожалија на нелојална конкуренција од страна на МТВ.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.