МРТВ – билборд “тежок” 20 милиони евра годишно

Една стара изрека вели вака: “Секоја влада, било која било каде, која што ја има апсолутната сила и моќ да на своите граѓани им удоволи и овозможи се што тие ќе посакаат за да имаат поудобен и покомотен живот во општеството кое ги опкружува, верувајте дека истата таа влада може во еден момент и да им одземе буквално се на своите граѓани и да ги врати во првобитната состојба.”

Човек не треба да биде многу многу паметен и да разбере дека авторот на оваа изрека сака да каже дека општеството во кое би живееле едни такви граѓани, воопшто не е отворено, туку напротив, станува збор за режим, диктатура, затвореност и повлеченост во себе на секоја индивидуа.Рестрикции и терор од секаков вид, вклучувајќи ја и определбата слободно да се изразуваат.

Литературата, историјата, а во поново време интернетот, ни даваат широк спектар од дефиниции што всушност претставува слободата на изразување и каде секој од нас би можел да се повика на неа? Што всушност подразбираме со тоа? Според мене, слободата на изразувањето во некој превод би требало да значи слобода за бојкот.Бојкот во вистинска смисла на зборот.Изнесување на свој личен став околу нешто или некого е слобода на говор.Обично тие ставови се сосема спротивни од ставовите на институциите во општеството во кое (пре)живуваме, од нивните претставници, власта, или пак ако сакате и системот во глобала.Значи слободно да критикуваме, да даваме свое мислење, да имаме право на определба, јавно и без предрасуди.Според мене тоа е вистинската дефиниција за слободата на изразувањето.

Е сега, што може да кажеме за кревката состојба на медиумскиот простор за Македонија а што веќе не сме слушнале или пак виделе.Во оваа насока би сакал да споделам една анализа поврзана со работата на МРТВ како јавен медиумски сервис на граѓаните на Република Македонија.Што е тоа јавен радиодифузен сервис (МРТВ) и дали фунционира во интерес на граѓаните?

Во оваа насока, во периодот од септември 2012 – јануари 2013, НВО Инфоцентарот заедно со Центарот за развој на медиуми, извршија детална анализа за работењето на МРТ во пакет со нејзините пропратни канали: МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.

Анализата е насловена како „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ а нејзината цел е да утврди дали МРТ ги исполнува условите на јавен радиодифузен сервис .Секако многу важна работа е и да се отвори и јавна дебата за целокупната функционалност на МРТ.

Оваа анализа е правена во две насоки.Едната е наменета за правно-административното функционирање на МРТ додека другата анализа е направена на тоа како функционираат тв каналите на МТВ.
Во текот на анализата се откриени катастрофално енормни грешки во работењето на ова провладино јавно гласило, посебно во делот на финансирањето и трошењето на нивниот буџет.

После промените во законот за радиодифузија, измени кои ги направи моменталната владејачка гарнитура, се наиде на многу очигледни неправилности во работењето на МРТ. Најпрвин, интерсен и крајно сомнителен е делот во финансирањето на МРТ.Замислете, само во последните 7 години, после измените на законот за радиодифузија, годишниот буџет на МРТ е пораснат од 10 на 20 милиони евра, што претставува зголемување за неверојатни 100%. За пример да го земиме буџетот на МРТ за 2012 година кој изнесува фантастични 20.925.837 евра.Дури 64.17% или вкупно 13.428.552 евра се слеани од присилното собирање на радио дифузната такса која ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.Такса, данок кој е насилно наметнат за да да можат властите на свое конто да нанижат уште еден нивен, традиционален медиум.

Одиме понатаму.Финансиската поддршка од владата на РМ, а е наменета за МРТ, изнесува 14.76% или 3.089.430 евра.Значи, секоја за 2012 година од буџетот на РМ, односно од буџетот на граѓаните, на сметката на МРТ се слеале дополнителни 3 милиони евра собрани од разни такси и даноци.

Согласно законот, на сметката на МРТ се слеваат дополните буџетски средства во висина од 813.000 евра.Средства кои се собрани од разноразни такси, даноци и арач од граѓаните на РМ.

11.66% или 2.439.024 евра се слеваат по основ трансфер од буџетот за дигитализација.Исто така пари кои се собираат од џебовите на сите граѓани на Република Македонија.Со фантастични 650.000 евра за 2012 година се наполнил буџетот на МРТ на основ продажба на рекламно време.
Безмалку целото време е доделено на рекламни пропагандистички пораки на владата на РМ и нејзините институции.Исто така и овие средства кои се слеваат во буџетот на МРТ се одвоени од таксите и даноците кои се собираат од граѓаните на РМ.

 

Измените кои ги претрпе законот за радио дифузија го зголемија времето на рекламирање од 7 на 13.3 проценти во рамките на 1 час. Ова оди во перфектен прилог на владеачкиот режим затоа што како што споменавме погоре, скоро и целиот простор кој е одделен е наменет за промоција на владата на РМ.Дополнително е укината и забраната за организирање на игри на среќа.

За информација на јавноста важен е моментот од 2011 година, кога е забележан прилив на финансиски средства на сметката на МРТ за кој нема извор.Станува збор за неверојатни 5.000.000 евра кои не доаѓаат од основ од реклами, ниту од претплата, ниту пак од буџетот на РМ. Неверојатна е мистеријата од каде се слеани овие средства за кои никој од надлежните на сака ни збор да писне а камоли да сноси некаква одговорност.

Патем речено, дали слушнавте за новиот copy/paste вебсајт на МТВ кој чини неверојатни 90 000 евра? За тоа во некоја наредна прилика. 

(Подетални информации од анализата може да најдете овде.)

Leave a Reply

Your email address will not be published.