Морална специјализација – Афоризми

1. Исполнети се сите услови ЕУ и НАТО да влезат во Македонија.
2. Златна Македонија бронза ја направија.
3. Македонија се дави, донирајте.
4. Ако може нешто диво,рекол Македонецот кога му сервирале правна држава.
5. Македонец се раѓа, тоа е судбина.
6. Да држиме ниво-до гуша.
7. Водата може да се пие,замижете.
8. Ни фали Агенција за распознавање.
9. Која партија е надлежна институција?
10. Чистиот воздух не е луксуз ,рече еден пушач.
11. Дојде време да се преброиме по џебовите.
12. Почнете бизнис и спечалете болест.
13. Бев на изложба, рамките не беа нешто посебно.
14. Човек без врска може да биде и со вратоврска.
15. Нивната прва виолина беше труба.
16. Лагата е нивна политичка вредност.
17. Го подржаа за лидер,сега го нишаат.
18. Долговите го отпишаа.
19. За топ на денот се чека бомба.
20. Му дојдоа и неговите 5 века.
21. Со бофл политика не се доаѓа до ЈУС стандард.
22. Право подредено на политика е криво.
23. Ако сакате трим патека одите во камп за политички бегалци во Данска.
24. Нашата вековна борба траела милениуми.
25. Толку сме посветени што заборавивме каде целиме.
26. Нашата улица е во свршен чин, офна од ЕВН.
27. Ние сме донатори на партијата, плаќаме Радиодифузна такса.
28. Воздухот е загаден,не излегувајте против владата.
29. Нозете на лагата ги мериме во години.
30. Во чија странска служба работи цената на нафтата, ни се намалија приходите во буџетот?
31. Ведриот амбасадор Бејли ни порача да продолжиме по својот пат,ќе сме станеле држава со најдобар пинџур во регионот.
32. Треба да се врземе со НАТО, неврзани ќе се разбегаме.
33. Како се викала музата на глупоста ?
34. Силвана Бонева во Вашингтон треба да ја покаже нашата про-струмичка ориентација.
35. И улицата е храм- демократија ако парламентот е срам.
36. Имал порок, многу читал.
37. Уставот не познава пашарење.
38. Играј според нашите правила,правила нема.
39. Рамче ќе ја брани Македонија, го гледам како да, краде на карти.
40. Земањето партиска книшка било како за бугарски пасош, заради економски причини.
41. Кога рекол, Јас мислам, му се заблагодариле.
42. Отпочнете со трикови на карти, им рекол Хан еврокомесарот.
43. Треба да се испраќаат на морална специјализација.
44. Зграбете ме да имате Нешто, им рекла Шансата на Сетото и Ништото.
45. Донирајте некоја вреќа со космополитизам.
46. Вистината излезе, ја поплави Македонија.
47. Ако зготвите ништо во тефлон прстите ќе си ги изедете.
48. Ние бевме социјална држава или социјален случај?
49. Може ќе ни тргне ако лидерите седнат под маса.
50. И во Македонија ќе има молитвен појадок, на некој монтажен мост.
51. Нашата партија повторно ќе ги победи граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.