Морална економија на долгот

Погледнете ја кампањата Strike Debt (Избришете го долгот), дел од движењето Occupy, кое се нарекува “национално движење на отпорот против долговите во борба за економска правда и демократска слобода”. Оваа организација на својата интернет страница тврди дека луѓето “со стагнација на платите, системската незапосленост и намалувањето на јавни услуги”, се приморани да се задолжуваат за да ги покријат најосновните животни потреби, што ги присилува “својата иднина да ја предадат на банките”.

Една од новите иницијативи е Rolling Jubilee, колективно финансирање за откуп и бришење на долгови, во процес кој тие го нарекуваат “колективно несогласување”. Успехот на оваа група е импресивен, бидејќи до сега собрала преку 700.000 долари и откупила долгови вредни околу 18,6 милиони долари.

Така ефтиниот откуп на долгови е можен благодарение на секундарниот пазар на должнички обврзници. Финансиските институции кои се сомневаат во способноста на своите должници да го вратат долгот го продаваат истиот на трета страна по пониска цена, често дури и за 5 центи за еден долар долг. Купувачите потоа се обидуваат да профитираат наплатувајќи го делимичниот или целиот износ од должникот. Американската фирма за студентски кредити Sallie Mae признала дека продава прекупени долгви за само 15 центи по долар долг.

За да се насочи вниманието кон често сомнителното работење на наплатувачите на долгови, Rolling Jubilee неодамна отпишале студентски долгови за 2.761 студенти на колеџот Еверест, профитна образовна институција чија матична компанија Corinthian Colleges сега е тужена од страна на државта за давање на предаторски позајмици. Кредитното портфолио на Еверест колеџот било проценето на околу 3,9 милиони долари. Rolling Jubilee го откупил за 106.709 долари, односно за околу три центи по долар долг. 

Но тоа е капка во море. Само во САД, студентите се должни преку трилион долари, односно околу 6% од БДП-то. А студентската популација е само една од многуте општествени групи кои живеат така што се задолжуваат. 

Во целиот свет, економската криза од 2008-2009 година го зголемила за една третина приватниот и јавниот долг – до таа мера што јавно – приватната поделба станала замаглена. Во неодамнешниот говор во Чикаго, претседателот на Ирска Мајкл Хигинс објаснил дека приватниот долг е претворен во државен: “Со оглед на потребата државата да се задолжува за да ги финансира тековните расходи, и најмногу како резултат на гаранциите давани на големите ирски банки на нивните имоти и обврзници, вкупниот долг на Ирска порасна од 25% од БДП-то во 2007 година на 124% во 2013 година.”

Ирската влада, секако, сакала да го спас банкарскиот систем. Но непредвидената последица од спасувањето била рушењето на довербата во државната солвентност. Во еврозоната, Ирска, Грција, Португалија и Кипар морале да го реструктурираат државниот долг за да избегнат банкрот. Порастот на долговите во однос на БДП-то ја фрли сенка на фискалната политика и стана главен изговор за политиката на штедење која ја продолжи кризата. 

Ништо од ова не е ново. Несогласувањето помеѓу доверителите и должниците е составен дел од политиката уште од вавилонското време. Вкоренетите структури од секогаш се залагале за светото право на доверителите, политичката нужност често барала помош за олжниците. Која страна ќе надвладее во дадени околности зависи од длабочината на непогодата на должникот и од силата на спротивната доверителско – должничка структура. 

Моралот од секогаш бил интелектуално мерило за овие несогласувања. Доверителите, наметнувајќи го своето право да бидат во целост исплатени, низ историјата создавале што повеќе правни и политички препреки на банкротот, инсистирајќи на остри казни – запирање на приходите, на пример, или во краен случај, затвор или дури робија – ако должникот не ги почитува своите обврски. Од државите кои се задолжиле во скапите војни се очекувало годишно да одвојуваат средства за отплата.

Но моралот не е во целост на страна на доверителот. На грчки долгот значи ‘грев’. Но иако е можеби грешно да се задолжува, според Евангелието по Матеј 6,12 подржува прошка – “прости ни ги долговите наши како што и ние им простуваме на своите должници”. Широкиот општествен отпор кон замислата дека имотот на должникот му припаѓа на доверителот во случај на неплаќање довел до тоа да “запленување на имоти” ретко се спроведува до крај.

Положбата на должникот дополнително е зацврстена со забраната за лихварство – наплатување неразумно високи камати. Каматните огрничувања се укинати во Британија дури во 1835 година; каматните стапки на централните банки од скоро нула проценти кои доминираат во 2009 година претставуваат денешен пример на напорите да се заштитат должниците.

Правата вистина, како што истакнува Дејвид Грејберг во својата маестрална книга Долг: првите 5000 години, е дека во односот меѓу доверителот и должникот не постои никаков челичен закон на моралот: тоа е општествен однос за кој секогаш мора да се преговара. Кога квантитативната прецизност и непопусливиот пристап кон должничките обврски станат правило, брзо следува судир и беда. 

Во настојувањето да се смират редовните должнички кризи, тадиционалните општества го прифатиле “законот на простување”, свечено бришење на сите долгови. “Законот на простување”, пишува Грејберг, “пропишувал дека сите долгови автоматски ќе бидат избришани после седум години, и дека сите кои биле во ропство поради такви долгови ќе идат ослободени”. Rolling Jubilee претставува добар потсетник на денешното значење на еден од најстарите закони во општествениот живот. 

Пораката на приказната не е, како што Полониј го учел својот син Лаерт “не задолжувај се и не позајмувал на никого”. Без едното и другото, светот можеби сеуште би живеел во пештери. Наместо тоа, треба да ја ограничеме и понудата и побарувачката на кредити на она што стопанството е во состојба да го произведе. Како тоа да се направи и сочува слободата на претприемаштвото претстваува една од големите нерешени прашања во политичката економија.

 

 

 

Извор: Pescanik.net

Превод: К. Попова 

Leave a Reply

Your email address will not be published.