Морал (афоризми)

пишува Звонко Каров
Катица била Вардарка. Напред Вардар!
Толку пријателства се можни само на фејсбук.
Не е свесен дека е несвесен и не може да биде совест.
Бегалската криза покажа до каде сме. Имаме граница и замислена линија.
На ќерка ми и направив кафе. Додека стана се стопли.
Нивните дела се согласно закон.
Ако работи по желба на партиите, изборите треба да ги дочекаме без нивните лидери.
И во Скопје се случуваат селски неправдини.
На Стојнето и го украдија ѓерѓефот. Фали во песната.
Не плашете се. Никој не ја бара вашата глава.
Ако го објави тимот може да и фатат некој играч.
Умни се. Целна група им се глупавите.
Ако не беше СДСМ немаше да бидам денес тоа што сум,ѓоамити рекол претседателот.
Уранија ја пуштиле во кафеана. Газдата изгледа бил од опозицијата.
Сите не можат да ги спасат. Некои нема да се најдат во затвор.
Била секогаш отворена. За лајк.
Цеца не беше во чипка. Ги разочара.
Се што е бесплатно има цена.
Го заменија. Сите станаа и ракоплескаа.
Ако сакате просек дојдете во Македонија.
Катица треба да ја искористи шансата. Да ги разочара.
Владата падна. Ако е останата.
Уште не го прежалија Косово. Како да е нивно.
Се е пропаганда. Штотуку застанавме на нозе сакаат да ни ја рушат државата.
Ван Хојт внимавајте,децата немаат сопирачки!
Влатко Ѓорчев ја оправи Македонија. И загази на Велика Британија.
Денес не се перат пари, празник е.
Северина  била трудна, забележале. Нас не интересира во каква состојба е Македонија.
Едно куче доби многу лајкови.
Намести многу луѓе. Го прогласија за најкорисен играч.
Се вложи во државата. Ќе ја изеде каматата.
За да си жив, мора да си човек на некого.
На тие што им требаш ќе те најдат. За долгот.
Убав свет сме. Безличен.
Партијата ги вработи. Им ги зголеми часовите на будност.
Богатството е во разликите. Имаме збрчкани и набрчкани.
Има многу боси. И босови.
Се ракуваат предолго. Не е по бонтон.
Морал така, било морално.
Бил голем верник. Нашол партија каде да се крсти.
Скопје 2014 не е светско, наше е.

Leave a Reply

Your email address will not be published.