Мона Лиза: вистината за легендата

Неговата книга “Леонардо да Винчи: Кинески научник кој залутал во ренесансна Италија” е заснована на документите кои ги собрал во текот на две години. “Прилично сум сигурен дека мајката на Леонардо била од истокот, но за да утврдиме дека била од Кина мораме да се послужиме со дедуктивен метод” вели тој.

Партико вели дека еден богат клиент на таткото на Леонардо, кој бил јавен нотар, имал роднина, која се викала Катерина. После 1452 година, кога бил роден Леонардо, нејзиното име повеќе не се спомнува, што значи дека повеќе не работела кај тој клиент.

“Во времето на ренесансата, во земјите како Италија и Шпанија, имало многу робови од Истокот” вели Партико и додава дека поедини аспекти од животот на Леонардо укажуваат на поврзаност со Истокот.

“На пример, фактот дека пишувал со левата рака, од лево на десно … Освен тоа, бил вегетаријанец, што не било вообичаено. Мона Лиза е најверојатно портрет на неговата мајка, како што Сигмунд Фројд тврдел во 1910 година. Зад Мона Лиза се гледа кинески пејсаж, па дури и лицето има кинески црти.” вели авторот.

Партико тврди дека единствен начин да се реши мистеријата е ексхумација на некои од роднините на уметникот во Фиренца и земање на примерок од нивните ДНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.