Мона Лиза: Насмевка со безброј тајни

Скоро и да не помине година а да жената со таинствена насмевка, која ја насликал ренесансниот мајстор Леонардо Да Винчи, не ги наполни новинарските текстови ширум светот. Овој пат во центарот на интересите Мона Лиза била вратена преку кампањата во Италија за враќање на познатата слика во Фиренца од Франција каде се наоѓа скоро пет векови.

Петицијата за враќање на сликата ја започанл Националниот комитет на Италија за историско и културно наследство. Претседателот на комитетот Силвано Винчети упатил молба до новиот министер за култура на Франција, која ја подржале околу 150.000 потписници. 

Винчети на светската јавност и е познат по тврдењето дека Мона Лиза е машко, односно дека на сликата е портретот на Леонардовиот ученик и асистент Џакомо Капорота да Орена, познат како Салаја, кој ја наследил познатата слика, заедно со останатите дела на Да Винчи. Најстарата и најрелевантна теорија зборува дека Мона Лиза е портрет на Лиза Џерардини дел Ѓокондо. Доказ е и белешката на Агостин Веспучи од 1503 година. Леонардо ја сликал Ѓоконда помеѓу 1503 и 1505 година, а три години пред смртта ја донел со себе во Франција и до крајот на животот не се одделил од неа. 

Се верува дека францускиот крал Франсоа Први ја купил од Леонардовите наследници во првата половина на 16-тиот век. Портретот е чуван во кралевскиот замок Фонтенблоу, а потоа Луј 14 го однел во Версај. 

По француско – пруската војна од Лувр е пренесен во арсеналот во брест, а Виченцо Перуџа на 21 август 1911 година ја украл од познатиот музеј. Лувр бил скоро цела недела затворен поради истрага, а крадецот две години го криел ремек делото во својот стан. Перуџа е уапсен и осуден на шест месеци затвор, а сликата во текот на 1913 година е изложена во неколку градови во Италија.

За време на Втората Светска ВОјна била криена на неколку адреси во различни француски дворци. На најпопуларната слика на светот повторно бил изврпен ‘атентат’ во 1956 година: еден вандал ја испрскал со киселина, а потоа млад Боливиец ја каменувал. После овие инциденти прикриена е со непробојно стакло.

Археолозите од Универзитетот во Болоња веруваат дека во еден манастир во Фиренца ги нашле коските на Лиза Џерардини, сопруга на богатиот продавач на свила Франческо дел Ѓоконда. Меѓу познатите ‘теоретичари на завери’ се запишал и уметникот Рон Пичирило кој тврди дека ја решил минстеријата.

Тој на сликата забележал глава на лав, мајмун и бик во облаците над глвата на Мона Лиза, што го навело на ‘вистинското значење на делото’, односно дека се работи за метафора за човековата завист. Освен лав, мајмун и бик, Пичирило забележал и змија која Мона Лиза ја скирла во своето деколте и која и го гриза срцето.

Шпанските кустоси неодамна во музејот Прадо, откриле најрана копија на Мона Лиза, за која се верува дека се родила кога и оригиналот, а дека ја насликал еден од Леонардовите ученици во неговото студио.

Вечна инспирација на уметниците

Мона Лиза била инспирација на голем број уметници. Фрнацускиот сликар Жан Мецингер на сликата “Вкус” (1911) ја претставил гола, како жена, додека пие чај. Таа слика е често нарекувана “Мона Лиза на кубизмот”. Салвадор Дали направил “Автопортрет како Мона Лиза” 1954 година, а додека сликата гостувала во Америка, Енди Ворхол направил серија принтови во вид на умножени репродукции кои ги нарекол “Триесет е подобро од една”.

Ферндандо Ботеро ја насликал дебелка, а Карен Савел ја направил најголемата репродукција на светот “Мега Мона”. Олдос Хаксли ја напишал кратката приказна “Насмевката на Ѓоконда”, а Амилкар Пакијели компонирал опера за Ѓоконда. Нет Кинг Кол пеел за Мона Лиза во големиот хит од 1950 година, а Марсел Дишан и доцртал бркови и брада. Интересно е дека со тајните на Мона Лиза се занимавале и експерти од Балканот. Предраг Милосавлјевиќ изнел теорија која за “Кодот на Леонардо” зборува од аспект на геометријата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.