МОМЕНТИ НА СТРАВ И БЕС

Стравот е голем непријател во текот на долгата и мачна историја на човештвото.
Зошто? – Затоа што човештвото се плаши да ја согледа и кажува вистината.
Половина вистина не е вистина..
СТРАВОТ– тој умее да биде премногу вешт и брзо и незабележливо да се прикрадува. Сликата на стравот секогаш покажува нешто што не сакаме. Се плашиме од неуспех, се плашиме од непријатноста што ќе ја доживееме, се плашиме од губиток на слободата…

Најтешко е што, кога ќе започнеме да го чувствуваме, таквиот страв често поминува во бес, а со тој бес се служиме за да собереме снага и да се спротиставиме и возвратиме на тој кој го сметаме за закана, односно тој кој ја пласира вистината.

Што и да чувствувате страв или бес, морате да сфатите дека тие емоции потекнуваат од еден ист извор: од видовите на живот кои не сакате да ги изгубите. Стравот и бесот потекнуваат од загриженоста заради можниот губиток на нештата. Стравот и бесот секогаш ќе ви бидат искушение, ќе ве посипаат со пријатно чувство и ќе ви даде впечаток дека станувате се подобри и помоќни и секогаш ќе бегате од вистината.

Никој од вас повеќе не трага по вистината, ниту пак се обидува прецизно да ја предочи.

Новинарите трагаат по добивка. “Новинарот” ја посматра ситуацијата и смета дека мора да ја прифати играта за да преживее во работата. Ако не ја прифати играта ќе биде уништен, а тоа доведува до таканаречени истражувачки извештаи кои намерно се лажни. И така тоа се случува цело време..

И другите професии патат од истата состојба. Погледенете ги адвокатите и судиите… Можеби некогаш нешто значело да се биде во службата на судот, кога биле почитувани заради вистината, заради правдата. Но повеќе не е така. Сега истите даваат се од себе за да ја минираат вистината и правдата заради своја добивка.

Луѓето кои се водени од стравот се плашливи луѓе. Плашливите луѓе сакаат да контролираат други луѓе, затоа некои групи се обидуваат да те вовлечат и да те убедат да ги следите, барајќи од вас да се покорите на нивната власт, но и ќе ве нападнат ако се обидете да заминете од нив.

Затоа мој народе, ти сам одлучи која емоција ќе те поведе: ВИСТИНАТА ИЛИ СТРАВОТ !

Leave a Reply

Your email address will not be published.