Новинарите молчат зашто не смеат или не знаат што да кажат

И тоа, за жал, кога најчесто станува збор за текст со тема или поширока информација што во моментот е од интерес за јавноста. Ама, не затоа што новинарите не умеат професионално да го напишат текстот. Туку затоа што информациите и податоците кои ги има не може да ги потврди и прошири официјално од надлежните институции.

Во денешно време е рамно на невозможно новинарите директно да стапат во телефонска комуникација со некој министер или директор на институција или на компанија. Тие, целосната грижа за контактирање со јавноста им ја имаат препуштено на своите портпароли или на пиар-агенциите. Новинарите најчесто и немаат броеви од лицата на функција, но затоа пак, сите располагаат со телефонските броеви од нивните портпароли, што и не е некаква поволност. Треба „да се погоди“ денот кога портпаролот и неговиот надлежен не се на состанок или на пат, па тој да се јави на телефонскиот повик на новинарот. Доколку се пробие таа прва бариера, најчесто следува: „Пишете ми ги на мејл прашањата и ќе ви испратам одговор во текот на денот“… На тоа новинарот вели: „Ве молам што побрзо, ми треба за денешната тема“, по што се добива одговорот: „Нема проблем, ќе ги добиете“. 

Повеќе од текстот прочитајте овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.