МОЈОТГРАД меѓу кавадарчани: Исплатата за боледување доцни три недели, Никола Груевски глуми премиер???

Граѓаните на Република Македонија револтирани од непрофесионалниот однос на македонските институции, влада на РМ, министерство за финансии и фондот за здравствено осигурување заради неколкунеделното доцнење на исплатата на паричните средства на оние лица кои се на боледување.

Мајките од сите краеви на Македонија запрепастени од ситуацијата во која се наоѓаат: нема пари – нема млеко, нема пелени за малите деца… Многумина од нив одговор се обидуваат да најдат во горенаведените распаднати институции, но за жал одговор нема или пак има ама е поприлично смешен, во краен случај навредлв.

Од заглавената до гуша во долгови институција која сака да се нарекува Фонд за здравствено осигурување велат дека тие не биле криви што новиот софтвер не фукнционирал. Од таму ги отфрлаат обвинувањата дека фондот немал пари и слично. Велат дека парите се овде, чекаат, но заради техничките и софтверските проблеми не биле во можност да ги отплатат. Во изјава за Утрински, (03.06.2015) од фондот за здравство рекоа дека сите проблеми се надминати и дека од 02.06.2015 е започната постапката за исплата на овој надоместок.

“Мојот Град” излезе на терен, поразговара со жителите од општина Кавадарци и го забележа револтот во нивните изјави, посебно помладите мајки кои маки мачат да врзат крај со крај деновиве.

„Ова е скандалозно луѓе. Во која нормална земја во светот се изживуват на ваков начин со мајките и нивните семејства. Како сега да отидам до дуќан и да купам млеко, пелени за малечкото. Срам невиден. Со кој образ да влезам во продавница и да пазарам на вересија кога она што е мое и ми следува некој друг го злоупотребува. Голем срам.” се пожали кавадаречка мајка на три деца.

Еве денес е 13 јуни 2015 година на планетата Земја, што значи поминаа цели 11 дена за исплата на овие средства. Ако исплатата се вршеше во кеш во плико и ја доставуваше гулаб писмоносец, досега ќе беа исплатени сите средства. А за оние кои немаат информации што е тоа софтвер и како функционира тоа е алатка со која исплаќањето на финансиските средства се врши за многу многу многу побрзо време.

„Ова е несватливо. Досега овој надоместок скоро никогаш и не доцнеше. Сега кога повеќе од три недели доцни се упатив до фондот за здравство во општина Кавадарци за да добијам подетални информации околу случајот. Но и јас како и многумина најверојатно наидов на затворена за информации за јавноста личност која арогантно ми рече дека и тој не знаел што е причината. Ме изненади неговиот одговор па затоа и побарав да ми даде лице и број за контакт од повисока инстанца за да разговарам. Ми рече дека не познавал никој таков и немал контакти од такви луѓе.“, се жали родилка од Кавадарци.

Во моменти кога државата е во тотален хаос, кога не треба да сте посебен експерт за да забележите дека буквално сите институции на системот се тотално дисфункционални, Никола Груевки, премиерот на неколкумина граѓани во република македонија комплетно го заборавил сопствениот народ и се обидува да изпреговара уште месец-два да остане на премиерското столче да го досардиса и онака кревкото македонско општество.

 {facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.