(Фото) “Моја Кафемоција” – изложба на Драган Божинов од Кавадарци

Драган Божинов од Кавадарци е студент на Фон на насоката дизајн и мултимедија. На 29. април одржа своја самостојна изложба на слики. „Моја Кафемоција“ е името на изложбата која се одржа во Културно информативниот центар во Скопје.

Драган е можеби единствениот уметник на овие простори и пошироко кој црта со една специфична техника, а тоа е кафе. Тој е млад уметник за кого кафето е многу повеќе од секојдневен ритуал. Тој го претвора кафето во уметност и со тоа создава уникатни дела на кои никој не може да остане рамнодушен.

Божинов на оваа изложба се претстави со повеќе од 20 негови дела. Младиот уметник можете да го следите на неговата фан-страница на „Фејсбук“. Уживајте во фотографиите. 

 

Изложба на слики од кафе

Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ


 

Leave a Reply

Your email address will not be published.