Мода опасна за вашето здравје

Високи потпетици

Високите потпетици на чевлите имаат лошо влијание врз целото тело, гласат повеќето истражувања на експертите. Високите потпетици предизвикуваат артритис на нозете, болки во колената и грбот. Жените треба да бидат повнимателни при изборот на обувките. Лошите и некомфорни обувки исто така може да предизвикаат и оштетување на нервите.

Апостолки

Практични и лесни за во летниот период , но апостолките го зголемуваат ризикот од повреди на нозете, глуждовите, колената и долниот дел на грбот. Недостатокот на правилно поставување на нозете дури е возможно да предизвика промена во психичкото здравје. Апостолките ги искривуваат и прстите на нозете, затоа доколку одите на подолги прошетки, заменете ги со некои други летни и отворени сандали.

Огромни чанти

Некои жени уживаат во тоа да го надополнат својот имиџ со големи чанти. Тие предизвикуваат оштетувања на грбот и влијаат врз држењето на телото. Доколку чантата има тенка рачка а голема тежина, ризикот се зголемува уште повеќе. Затоа, ако се одлучите да носите голема чанта, тогаш изберете некоја која нема толку долга и тенка рачка.

Пирсинг

Ставањето обетки по телото или пирсингот, години наназад веќе е актуелен моден тренд. Сепак медицинските истражувања покажуваат дека пирсингот влијае лошо, иако не чувствувате никакви симптоми. Верувале или не, пирсањето предизвикува и зголемување на целулитот на телото. Познато е дека ризикот од инфекции е со јак интензитет во зависност од местото кое сте го испирсале.

Соларум

Повеќе од 3о милиони луѓе во САД годишно посетуваат солариум, од кои 70% се жени на возраст од 16 до 49 години. Ова вклучува 2,3 милиони тинејџери. За ризикот од потемнетиот тен во солариум, сигурно сте читале многу, но секогаш е добредојдено потсетувањето од штетните реакции врз кожата на телото. Доколку имате до 35 години, ризикот за меланом е уште поголем, а користењето солариум повеќе од 10 пати годишно го зголемува ризикот за меланом до 80%. Доколку се поштедите од овој тренд, сигурно ќе изгледате подобро и во природниот тен на важата кожа.

Секси долна облека

Иако е провокативна и го зголемува егото и кај мажите и кај жените, тесната и специфична долна облека, може да ви донесе низа непријатности. Уринарниот тракт е најподложен на ризик и инфекции. Тесниот веш може да предизвика и гребнатини и вистински рани. Жените се оние кои почесто носат ваква долна облека, затоа изберете нешто практично, а во исто време и секси, а сепак ќе прави да се чувствувате комфорно, пријатно и сензуално.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.